Ѓорѓиевски: Скопје повторно ќе биде горд град

Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски денеска положи цвеќе пред паметникот на загинатите борци кои животот го положија за слободата на Скопје.Тој се осврна на историскиот момент и заслугата на партизаните за слободата која денес ја живееме, но и за обврската кон нив која ја имаме за Скопје повторно да биде убав град и поубаво место за живеење, соопшти Општина Кисела Вода.

-Честит празник, граду мој! Денешниот ден е симбол на една борба, на непокор, на храбриот македонски народ кој застанал на вистинската страна на историјата. Славиме еден јубилеј, славиме 80 години од моментот кога нашето Скопје беше ослободено од фашистичкиот окупатор и неговите слуги.

Го славиме денот кога се развеа знамето на слободата над градот убав - СКОПЈЕ Е ОСЛОБОДЕНО! И денес се поклонуваме на најзаслужните, на плејадата борци, на хероите кои го положија својот живот и го славиме и чуваме нивното возвишено дело. Секој наш придонес кон поубав град е благодарност кон тие кои ни ја подарија слободата, истакнал градоначалникот на општина Кисела Вода.

А ние, додал тој, имаме обврска кон предците да ја градиме приказната за Скопје и ветил дека сите ќе го дадат и последниот атом повторно да му дадат нов, модерен лик и да го направат град во кој ќе биде гордост да се живее.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе на лекар цел во модрици.
- Што е ова бре Трпе?
- А бе вчера игравме голф со жена ми. И кога го запука тоа топчето право кај кравите. Отидовме да го бараме. Барај,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на борба против СИДА-та
- Национален празник на Романија
1135.- Умре англискиот крал Хенри I, младиот син...
1455.- Умре италијанскиот вајар Лоренцо Гиберти,...