Филипче: СДСМ нема да дозволи повторно поставување на системот „ало началниче“

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија нема да дозволи повторно поставување на системот „ало началниче“ во безбедносните и полициските структури, порача денеска лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче.

Во врска со вчерашниот прекин на седницата на Комисијата за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање, тој во одговор на новинарско прашање рече дека има две димензии, односно дека ВМРО-ДПМНЕ се свесни дека незаконски поставиле директор на АНБ и дека обидот за попречување на слободата на изразување во иднина може да стане поагресивен.

– Очигледно дека ВМРО-ДПМНЕ се свесни дека направиле криминал, односно незаконски поставиле директор на АНБ и затоа така се однесуваа во текот на вчерашниот ден, односно ако немаа што да скријат Комисијата можеше редовно да си заседава и директорот да одговори на сите прашања. Меѓутоа, тоа не е нешто ново, политизација на безбедносните и партиските структури е нешто што сме го виделе во претходното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и тука сакам јасно да му порачам на премиерот дека СДСМ нема да дозволи повторно поставување на системот „ало началниче“ во безбедносните и полициските структури. Очекуваме ОЈО да го расчисти овој случај и истовремено поставуваме прашање во која постапка, на кој начин и со кои документи Бојан Христовски е избран и за асистент на Факултетот за безбедност, рече Филипче.

Им давам поддршка на новинарите, додаде, да се борат за своите права и слободи, бидејќи согласно владеењето на ВМРО-ДПМНЕ до 2016 година, обидите за спречување на слободата на изразување „во следниот период може да бидат многу поагресивни“.

– Во однос на вториот дел, многу сериозни најави за обид за елиминирање на слободата на изразување на говор на јавен настап на слободен пристап до информации. Повторно, веројатно дискретен, а во следниот период и многу поагресивен систем на елиминирање на слободата на изразување на новинарите и нивниот пристап до информации согласно она искуство во претходното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, би рекол најцрните години за Македонија, а тоа беше до 2016 година. Им давам поддршка на новинарите да се борат за своите права и слобода, може да сметаат на наша поддршка во кој било момент, а на премиерот и на ВМРО-ДПМНЕ им порачувам еднаш тој систем го решивме, ќе го решиме и втор пат, рече Филипче.

Во врска со најавите за дестабилизација на државата од страна на лидерот на ДУИ Али Ахмети, Филипче рече дека се дел од нашиот секојдневен политички фолклор и дека нема простор за страв и паника.

– Тоа е очигледно дел од секојдневниот наш политички фолклор, закани за нестабилност, одговор од премиерот дека е можно, понатаму деманти од соодветние ресорни министерства дека тоа не е возможно. Сметам дека навистина освен како дел од секојдневниот наш меѓупартиски политички фолкло навистина нема простор за страв и за паника. Доколку има, тогаш очекувам институциите соодветно да анализираат и да реагираат пред се безбедносните институции, Советот за безбедност и на крајот на краиштата еве конечно нека се состане некое тело и да одговори после соодветна анализа на сите овие повеќемесечни наназад шпекулации дека такви закани по однос за стабилноста на земјата може да има. Значи, таков одговор треба да дадат соодветните институции во земјата.

Вчерашната собраниска седница на Комисијата за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање, по на моменти жестоката процедурална дебата меѓу власта и опозицијата беше прекината без да биде утврден дневниот ред на кој единствена точка беше Информацијата за незаконското именување на директор на АНБ, поднесена од пратеници од опозициската СДСМ.

Пратениците од парламентарното мнозинство во процедурална забелешка укажаа дека седницата била закажана без да биде запазаен Деловникот, односно по барање на една пратеничка група без поддршка на точката од една третина од пратениците, како и без да бидат информирани сите пратеници на Собранието. Воедно, побараа да се дополни дневниот ред со две точки како прва и втора точка за посета на АР и на АНБ на 3 декември, односно на 16 декември по изнесените сомневања од страна на премиерот дека бил пруслушуван.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе на лекар цел во модрици.
- Што е ова бре Трпе?
- А бе вчера игравме голф со жена ми. И кога го запука тоа топчето право кај кравите. Отидовме да го бараме. Барај,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на борба против СИДА-та
- Национален празник на Романија
1135.- Умре англискиот крал Хенри I, младиот син...
1455.- Умре италијанскиот вајар Лоренцо Гиберти,...