Касами: Нема преговори за рокади со министерствата

По најавеното напуштање на Владата на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари секторот здравство останува во рамки на „Вреди“ и нема најави за рокади на министерските места. Ова беше одговорот на Биљал Касами, претседател на Движење Беса денес во Тетово на новинарски прашања околу можните промени по најавеното заминување на Таравари.

Комбинациите кои се прават во однос на поделба на одговорностите за водење на владата се прават со политички договор, но и согласно капацитетите кадрите кои ги имаат одредени партии кои се дел од владината коалиција. Министерството за здравство беше побарано од нас и поради тоа што, член на досегашната коалиција беше Арбен Таравари. Тој го побара тоа како ресор, а сега со неговото заминување ние како „Вреди“ сме подготвени да разговараме и за такви комбинации, но нема преговори во делот на Владата за рокади и во моментот, сè додека нема нова ситуација, сите позиции кои беа досега остануваат во „Вреди“, истакна Касами од настан во Тетово.

Министерот за животна средина и лидер на Демократско движење, Изет Меџити на новинарско прашање рече дека се е во ред со владиното работење по најавеното напуштање на Алијанса за Албанците.

- Па, додека некој се грижи како да му олесни на Ахмети, ние се кажуваме дека и потврдуваме дека Владата е стабилна и за нас, а приоритет над приоритетите се граѓаните, гласачите и ние се трудиме како денес значи секојдневно да бидеме блиску до нив и да решиме нивни проблеми, додека другите мислата да олеснат на Ахмети, рече Меџити.

Одговорајќи на прашање, Меџити посочи дека за кратко ќе го објават конечното решение на закон за правична застапеност, а во однос на имињата коишто работат како експерти, посочи дека секој политички одлучува засебно кого да ангажира.

Касами и Меџити во Тетово присуствуваа на почетокот на градежните активности за реконструкција на водоводната мрежа во населбата „Вонвардарска“ во Тетово.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Струмичанец во Америка и носи лубеница. Го гледа американецов и го прашува што е тоа. Лубеница вика Струмичанецов.
- Е колицки лубеници има кај вас , да ги видиш нашиве...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1536.- Англискиот суд ја прогласи за виновна Ана...
1571.- Татарски освојуачи ја запалија Москва.
1767.- Џенова на Франција и го продаде островот...
1773.- Роден е австрискиот канцелар кнез...