Гаши: До Собранието се уште не е доставена оставка од Таравари

До претседателот на Собранието Африм Гаши се уште не е пристигната оставката на министерот за здравство Арбен Таравари, а нема пристигнато ниту предлог кој ќе биде координатор на пратеничката група на ВРЕДИ или кандидат за гувернер на Народната банка.



-Оставка се уште нема, а нема ни предлог за гувернер. Немаме никаква нова информација за пратенички групи, рече Гаши на денешната средба со новинарите.

Сега за сега, како што кажа, нема ни нов координатор од ВРЕДИ.

-На последната координација немаше никој од ВРЕДИ. На координација ги викаме координаторите додека тие официјално се координатори. Кога ќе имаме нова состојба ќе го поканиме оној којшто ќе биде координатор, појасни Гаши.

Министерот за здравство и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари синоќа во изјава за МИА рече дека тој ќе поднесе оставка од функцијата, а за останатите функционери од оваа партија очекува да бидат разрешени.

Премиерот Христијан Мицкоски, пак, вчера, одговарајќи на новинарски прашања рече дека во периодот што следи ќе бидат номинирани нови имиња на местото на оние што и припаѓаа на Алијанса за Албанците.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Си имал Мујо пит бул, а Хасо волчјак. Се здавиле кучињата и пит булот го изел волчјакот. Отишол Хасо и купил дога. Пак се степале кучињата и пак пит булот победил. Хасо отишол по...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1532.- Шпанскиот освојувач Франциско Писаро со...
1703.- Умре францускиот писател Шарл Перо, автор...
1703.- На брегот на Балтичкото Море поставени се...
1812.- Во Букурешт почнаа преговорите со кои...