Клековски: Граѓаните да си ги контролираат здравствените сметки за да се избегнуваат измами од други лица

Постојано повикуваме граѓаните да си ги контролираат здравствените сметки. На апликацијата „Мое здравје“ можат да вршат увид на прегледите и здравственото осигурување.

Доколку увидат некои упати за здравствени услуги, што тие не ги користеле, да поднесат пријава до Фондот за здравствено осигурување. Ние постапуваме по сите предмети, вршиме проверки и такви случаи има редовно.

Вака денеска одговори на новинарско прашање, директорот на Фондот, Сашо Клековски, во однос на случајот со злоупотребата на лични податоци, при преглед на Пластична хирургија, преку апликацијата „Мое здравје“, при што граѓанка реагирала дека на име на нејзиниот татко, друг граѓанин се прегледал и оперирал, па тоа што било отстрането, било пратено на Патологија.

- Овде станува збор за измама на Фондот за здравствено осигурување, бидејќи претпоставувам дека е третиран пациент, кој немал здравствено осигурување. Инаку не би имало потреба да се користи туѓо име за здравствен третман, појасни тој.

Клековски додаде дека и самиот Фонд работи на тоа да има поголема контрола на системот за упати, а граѓаните да бидат известувани преку СМС-пораки. За да се намалат злоупотребите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1527.- Во Фиренца умре Николо Макијавели,...
1933.- Во Архангелское, кај Москва, умре Клара...
1936.- По повод организираниот штрајк на...
1963.- САД и Советскиот Сојуз постигнаа спогодба...