Перински: Општините годишно губат од 100 до 120 милиони евра поради несоодветно наплаќање на средства

Општините на годишна основа губат од 100 до 120 милиони евра, поради несоодветно собирање на средствата од сопствените извори на финансирање, изјави денеска министерот за локална самоуправа, Златко Перински одговарајќи на новинарско прашање за тоа кога ќе има целосна децентрализација на општините, особено во делот на финансиите. Тој напомена дека централната власт работи на процесот на дигитализарање на услугите на локално ниво, со цел да се зголеми и ефикасноста при наплатата, а со тоа и самото децентрализирање.



- Едно е да зборуваме за децентрализација на надлежности, а друго е кога зборуваме за фискалната децентрализација, сега ќе го ставиме фокусот за фискалната децентрализација, бидејќи вашето прашање највеќе се однесуваше во тој дел. Како тема никогаш нема да ја затвориме. Процесот на фискална децентрализација има почеток, но нема крај. И секогаш треба да се разговара аргументирано со двете страни на власта, и на локално ниво и на централно ниво. Она што во моментот ние го имаме детерминирано како аномалија, тоа е дека во моментот просекот на наплата од сопствени извори на финансирање од страна на локалните самоуправи е нешто повеќе од 50 проценти. Или да бидам попрецизен. На годишна основа, општините губат од 100 до 120 милиони евра, затоа што несоодветно си ги собираат сопствените извори на финансирање, нагласи Перински на панел-дискусија по повод една година Влада, насловена „Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа“.

Вториот аспект, како што посочи Перински, е тоа што поради немање доволно финансиски потенцијал, општините не можат да ги извршат активностите во рамки на нивните надлежност, кои се резулат на поголемата децентрализација.

-Затоа ние секогаш како централна власт сме отворени да разговраме со општинте, но од друга страна исто така и локалните самоуправи треба да го зголемат својот перфоманс во наплатата на сопствени извори на финансирање. Што ние во изминатиот период направивме, дектектирајќи ја оваа аномалија. Заедно со мојот колега Стефан Андоновски од Министерството за дигитална трансформација земавме обврска пред се да ги дигитализираме услугите од општините кон граѓаните и да ги закачиме на единствениот национален портал uslugi.gov.mk. Во втора фаза се внатрешните процеси во рамки на дневните активности на вработените и на администрацијата на локалната самоуправа, рече Перински.

Нагласи дека паралено со овие два процеса од централно ниво се ажурира базата на даночни обврзници на локално ниво, со цел општините да имаат ажурирана база на даночни обврзници и наплата на данок да се врши по електронски пат, а со сето тоа, како што рече „ќе се превенира субјективитетот на градоначалникот, кога и на кого ќе издадам даночно решение или кога и на кого нема да издадам даночно решение“.

Додаде дека во моментов има примери на навистина успешни градоначалници, коишто собираат сто отсто од сопствените извори на финансирање, но има и градоначалници кои што девет, десет години немаат изадено ниту едно даночно решение.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Си игра едно детенце во градинка, кога му приоѓа едно девојче и го прашува:
- Сакаш да си играме заедно?
- Сакам. А, која игра ќеја играме?
- Ќе ти кажам, ама ти прво кажи ми...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1822.- Во Берлин умре Ернст Теодор Амадаус...
1920.- Градот Хаг, во Холандија, е избран за...
1984.- Во Париз умре Мишел Фуко, прочуен...
1991.- Ден на државноста на Република Словенија.