Мицкоски: Нова странска инвестиција на Гентерм вредна над 30 милиони евра

Нова странска инвестиција вредна над 30 милиони евра на глобалниот лидер во автомобилската индустрија Гентерм, која ќе овозможи нови до 300 вработувања, најави македонскиот премиер Христијан Мицкоски. Потенцира дека ова е уште еден показател оти земјава станува сигурна дестинација за долгорочни стратешки технолошки напредни инвестиции. Со вакви проекти, нагласи, расте индустриското производство, се отвараат нови работни места, се зголемува извозот, а со тоа расте и довербата во нашата економија, расте вредноста на македонското знаење умеење и труд.



-Денеска испишуваме уште една важна страница во современата економска приказна на државата. Ја објавувам новата инвестиција на Гентерм - глобален лидер во автомобилската индустрија кој покрај веќе постоеката инвестиција во Прилеп, почнува со план за процес на проширување на производството токму овде. Со овој нов инвестициски циклус се потврдува она што сите го чувствуваме дека Македонија станува сигурна дестнација за долгорочно стратешки технолошки напредни инвестиции, рече Мицкоски на денешната прес-конференција во Владата.

Инвестицијата согласно деловниот план на компанијата, како што појасни, ќе извнесува повеќе од 30 милиони евар, со нови до 300 вработувања. Според премиерот, станува збор за високоинтегрирани системи во автомобилската индустрија, со нова технолошка опрема автоматизирани линии и современо производство. Ова, смета тој, значително ќе го зголеми извозот, а тоа што станува збор за високо технолошко производство покажува дека сме конкурентни и на тој пазар. Со тоа, нагласи премиерот, стануваме регионален хаб на Гентерм за Европа.

-Ова не е само уште една инвестиција ова е двигател на нашата економија. Со вакви проекти расте индустриското производство, се отвараат нови работни места, се зголемува извозот, а со тоа расте и довербата во нашата економија, расте вредноста на македонското знаење умеење и труд. Резултатите се забележителни и се гледаат, истакна премиерот Мицкоски.

Потсети дека минатата година земјава ја заврши со рекордно највисоко ниво на директни странски инвестиции од 1 милијарда 255 милиони евра. Никогаш досега во историјата, нагласи, немало ваков прилив на капитал. Исто така, напомена дека во првите месеци од годинава расте индустриското производство, за во мај да се забележи историски највисоко нив во последната деценија во висна од 9,4 проценти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Направиле Јапонците робот во се ист како човек и викнале Јапонка, Французинка и Кумановка да го испробаат.
Прва влегла Јапонката, останала внатре едеп час и излегла мошне...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1883.- Во Прага е роден Франц Кавка, австриски...
1894.- Француските трупи и покрај херојскиот...
1949.- Во Скопје, во Македонскиот народен театар...
1962.- По 132 години француска колонијална...