Aлиу: Поддршка од Светска банка на реформите во здравството

Стратешките приоритети на Министерството за здравство, особено во областа на модернизацијата и дигитализацијата, биле во фокусот на средбата на министерот за здравство Азир Алиу со висока делегација на Светска банка, предводена од Река Менон, менаџер за здравство, исхрана и популација за регионот на Европа и Централна Азија, како и со д-р Свен Нелсен, кораководител на здравствен сектор на Светска банка за земјава, Али Хаманди, виш економист и Мрика Алиу, виш специјалист за човечки развој.



Алиу, како што соопшти Министерството за здравство, ги презентирал стратешките приоритети на Министерството за здравство, и истакнал дека меѓународната експертиза и поддршка претставуваат клучен сегмент во процесот на модернизација, особено во областа на дигитализација, како еден од главните приоритети на Министерството, како и за телемедицина, примарна здравствена заштита, и инфраструктурни и технолошки надградби на системот.

На состанокот била презентирана тековната аналитичка работа на Светска банка во здравствениот сектор, со акцент на системот за долгорочна нега и модели на здравствено финансирање.

Од Министерството додаваат дека претставниците на Светска банка изразиле подготвеност за натамошна поддршка на реформите во здравството, а биле разгледани и можните области за зајакнување на соработката и за унапредување на здравствениот систем.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Баба и дедо седат во дневна соба и гледаат телевизија кога дедото прашува:
- Бабо ма, се сеќаваш каде ги оставив наочарите?
- Не.
- Ах проклета женска заборавеност!

* * *...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од...
Верски календар
На денешен ден
1737.- Роден е Луиџи Галвани, италијански...
1776.- Воведен е и официјалниот назив Соединети...
1828.- Во Јасна Полјана е роден Лав Николаевич...
1901.- Умре Анри де Тулуз-Лотрек, француски...