Гостивар го одбележа 9 јули

Гостивар, 9 јули (МИА) - Општинските власти во Гостивар денеска го одбележаа 9 јули, ден кога пред девет години во немирите во Горстивар загинаа три лица и десетици беа повредени.

   Делегацијата, во која имаше и личности од јавниот и политички живот, предводена од гостиварскиот градоначалник Невзат Бејта, беше во селата Форино, Добридол и Мало Турчане и на гробовите на жртвите од настаните на 9 јули 1997 година положи цвеќе и оддаде почит. Пред девет години, откако беше симнато знамето на Република Албанија од јарболот пред општинската зграда, дојде до немири и судир со полицијата при што имаше три жртви и десетици повредени.

   - Деветти јули е болен датум за граѓаните на Гостивар и ние како институција ќе продолжиме со почитување кон оние кои ги дадоа своите животи за добробит на нацијата- рече Бејта пред насобраните граѓани на гробот на Шпенд Исеини во Форино.

   На 9 јули 1997 година по поведената постапка, со одлука на Уставниот суд, рано утрото знамето беше симнато по што дојде до немири и судир со полициските сили. Тогашниот градоначлник Руфи Османи, поради одговорност во настаните беше осуден прво на 13, а потоа на седумгодишна затворска казна. Есента 1998 година по парламентарните избори и смена на власта тој беше амнестиран.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...