Во Битола распишан конкурсот за наградата 4-ти ноември

Битола, 30 август (МИА) - Управниот одбор за доделување на највисоките општински признанија, наградата 4-ти Ноември, го распиша традиционалниот конкурс за едногодишни остварувања, како и наградата За животно дело.

   За едногодишни достигнувања се наградуваат физички и правни лица кои постигнале видни резултати во областа на стопанството, науката, уметноста, културата и други сегменти од животот значајни за развојот на градот.

   Наградата За животно дело во Битола е востановена од пред неколку години и ќе се додели по петти пат. Досегашни добитници на ова престижно признание се: ликовниот уметник Тоде Ивановски, раководителот на Мал битолски Монмартр Коста Хаџи-Антоновски, актерот Јоана Поповска и писателот Владимир Костов.

   Советот на Општина Битола неодамна го востанови и признанието Почесен граѓанин на Битола,но тоа се уште никому не е доделено.

   Конкурсот за највисоките општински признанија ќе биде отворен до 30 септември, а наградите ќе се доделат на Денот на ослободувањето на Битола, 4-ти ноември.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...