Во Детроит промоција на „Монографијата Стамевски“

Скопје, 26 септември (МИА) - Во Македонската православна црква „Св. Богородица“ во Детроит, САД, се одржа промоција на монографијата "Светозар - Светле Стамевски".

Автор на ова двојазично дело е познатиот истражувач на Македонците во дијаспората, новинар и публицист Славе Николовски - Катин, а делото го издаде книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје.

- Оваа значајна и по многу нешта единствена монографија од овој вид претставува исцрпен осврт за потеклото, животниот пат и постигнувањата на Светозар - Светле Стамевски, истакнат македонски иселеник, сопартиец и личен пријател на претседателот на САД, Џорџ Буш Јуниор и неговото семејство. Книгата, во исто време, е огледало за семејството Стамевски, како и за личноста на македонскиот бизнисмен, активист во политичкиот живот на Мичиген, актуелен претседател на Македонската православна црква "Св. Богородица" во Детроит и човекот кој има голем удел Република Македонија да биде призната под уставното име од САД, се наведува во соопштението од МПЦ во Детроит.

Книгата претставува луксузно издание и печатена е на повеќе од 220 страници (А4 формат) со бројни фотографии од кои најголем дел се во боја, почнувајќи од стари снимки во Македонија, па се до последните фотографии на Светле Стамевски и неговата сопруга Светлана во друштво со актуелниот американски претседател Џорџ Буш и други личности од општествениот живот на САД и македонската комуна. Книгата е објавена двојазично на македонски и на англиски, во превод на Весна Стевковска.

Монографијата за Светозар - Светле Стамевски од Славе Катин, во исто време, се додава во соопштението, е значајно дело за вистинска презентација и афирмација на минатото и сегашноста на Македонија и македонскиот народ, со посебна нагласка на Македонците во САД.

Книгата е поделена на девет делови. Презентиран е краток осврт на историјата на Македонија, на Полошкиот крај и на родното село на семејството Стамевски, Одри, Тетовско, потоа родословот на ова семејство, нивниот историјат во Македонија и во САД, пријателството на Светле со угледни американски личности од јавната администрација, како и неговите активности во Македонската заедница, особено во Македонската православна црква "Св. Богородица" во Детроит.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...