„Дневник“ и донираше на НУБ Библија од 18 век

Скопје, 17 октомври (МИА) - Редакцијата на весникот „Дневник“ денеска на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје свечено и ја предаде Библијата од 18 век, која минатата недела ја откупи од сопственици во Кочани, откако беше огласена за продажба.

Книгата потекнува од 1784 година, печатена е на старословенски јазик во Москва, има 3.000 страници, тешка е седум килограми, има дрвени корици обложени со кожа. Во неа се поместени сите текстови од Стариот и од Новиот завет, на кои се додадени и стотина илустрации со мотиви од христијанството и од Русија од 18 век.

На корицата, со букви на старословенско писмо, се врежани црковни зборови, а пред страниците со библиски текстови има запис во кој стои името на објавувачот на Библијата и годината кога таа била отпечатена во Москва.

Специфика е големиот формат (43х23 см) што упатува дека се работи за царско Свето писмо.

Директорот на НУБ Борко Зафировски рече дека ова е убава посебна и несекојдневна пригода во Библиотеката и оти гестот на „Дневник“ доаѓа во вистинско време и е од големо значење.

Главниот и одговорен уредник на „Дневник“ Катерина Блажевска посочи дека за нив е значајно да биде откриен патот по кој оваа книга од московската типографија стигнала во Македонија и додаде дека за НУБ биле предизвик да ја истражи книгата и да ја направи подостапна. Таа апелираше за грижа за богатството што е најдено на македонска територија.

Со донацијата на древната книга, книжниот фонд на Библиотеката ќе биде збогатен со уште еден вреден споменик за историјата и развојот на словенската култура и писменост. Со споредбена анализа ќе се утврдува македонската редакција на изданието и влијанието на Охридската книжевна школа. 

Експерти од Универзитетската библиотека веќе ја прегледале книгата и се согласиле дека таа е вистинско богатство кое не смее да се дозволи да биде изнесено во странство. Библијата во НУБ ќе биде заштитена од влага, пожари и од кражби и ќе биде изложена во фоаето на Библиотеката.

Најстарата книга во фондот на НУБ е печатена во 1493 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...