Владата донесе одлука за намалување на персоналниот данок и на данокот на добивка

Скопје, 14 ноември (МИА) - Владата донесе одлука за измена на законите за персонален данок и за данок на добивка со кои се предвидува намалување на овие даноци и нивно изедначување на 10 проценти, објави денеска премиерот Никола Груевски во присуство на целиот владин кабинет.

Од сегашните 24, 18 и 15 проценти персоналниот данок на доход се намалува на десет проценти, а данокот на добивка од сегашните 15 проценти се намалува исто така на десет проценти, информира Груевски и додаде дека покрај овие намалувања со предложените законски измени се воведува и нула проценти оданочување на данокот на добивка за реинвестирање.

Според него, со воведувањето десет проценти данок на добивка и десет проценти персонален данок се воведува рамен данок, како што имаат повеќе држави во Европа, каде тоа резултирало во привлекување инвестиции.

Покрај ова, со предложените измени на Законот за данок на добивка се предвидува  во слободните економски зони кои се преименуваат во технолошко индустриски развојни зони данокот на добивка во првите  десет години да биде нула проценти и да има 50 процентно ослободување на персоналниот данок во првите пет години.

- Со ваквите даночни намалувања државата станува една од најконкурентните во Европа по даноците и практично одиме кон подобрување на инвестициската клима и давање дополнителни можности за инвеститорите да дојдат во Македонија и да инвестираат, оцени македонскиот премиер.

Тој појасни дека следната година привремено персоналниот данок и данокот на добивка согласно програмата на Владата ќе изнесува 12 проценти и оти од први јануари 2008 година овие даноци ќе изнесуваат десет проценти. - Практично во законите за персонален даник и за данок на добивка  во основниот текст пишува дека  овие даноци се десет проценти, а само во преодните и завршните  пишува дека само во 2007 година тие ќе бидат 12 проценти, рече Груевски.

Според него, владините мерки за даночно намалување се прифатени и од Меѓународниот монетарен фонд. - Тие сметаат дека Владата понуди одличен пакет мерки за привлекување  странски инвестиции со кои навистина може да дојде до придвижување на македонската економија. Македонија, по усвојувањето на овие закони во Парламентот,  ќе стане земја со најниски даноци во Европа, рече Груевски и додаде дека очекува веќе во втората половина на следната година новите мерки да вродат со одлуки на многу инвеститори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Ја забележал отец Миле калуѓерката Маре како шета низ манастир малку подздебелена, па и префрлил:
- Сестро Маре, сме се подзебелиле малку, а?
- Не отец Миле, гасови...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден за здрава вода.
1014.- Во Преспа умре македонскиот цар Самуил....
1536.- Англискиот верски реформатор и преведувач...
1600.- Во Фиренца, во Италија во палатата Пити,...