Објавена книгата „Конституционализмот и човековите права“ од Рената Тренеска-Дескоска

Скопје, 10 декември (МИА) - „Конституционализмот и човековите права“ е најновото издание на Рената Тренеска-Дескоска, професор на Правниот факултет во Скопје. Книгата содржи три дела и ја истражува врската меѓу поимите - конституционализам, устав и човекови права, од теоретски аспект, но и на ниво на нивна практична реализација во Република Македонија.

- Факт е дека човековите права повеќе припаѓаат на сферата на „шпекулациите“ и „илузиите“ отколку на сферата на реалноста и практиката. Тоа ја прави идејата за човековите права актуелна и атрактивна за истражување. Но, фактот дека додека постои државната власт ќе постои и можност (и не само можност) за кршење на човековите права, го прави овој проблем перманентен, вели авторката во предговорот на својата книга.

Таа ги дефинира човековите права како инструменти за заштита на индивидуите од државата и од другите индивидуи, т.е. како инструменти за ограничување на државната власт. Идејата за ограничување на државната власт е централна категорија на конституционализмот.

- И покрај импресивните одредби за човековите права, евидентни се нивни злоупотреби во многу земји. Тоа повторно го покренува прашањето за воспоставување на конституционализмот. Усвојувањето на соодветен устав е значајно, но уставот треба да биде "исполнет со живот", смета Тренеска-Дескоска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...