Изложба на Запро Запров во СтрумицаСтрумица, 8 март (МИА) - Во Националната установа Центар за култура „Антон Панов“ во Струмица утревечер ќе биде отворена изложба на слики од Запро Запров под наслов „Корења“. На оваа 9. самостојна презентација на Запров пред љубителите на ликовната уметност, ќе бидат презентирани над 80 дела, претежно масла на платно и фолклорни колажи комбинирани со текстил, работени во последните неколку години од неговото богато и разновидно творештво.
Запро Запров е роден во 1947 година во струмичкото село Пиперово. Завршил Факултет за музичка уметност во Скопје, а магистрирал на Музичката академија во Белград. Работи како професор на Педагошкиот факултет во Скопје. На пошироката македонска јавност Запров и е најмногу познат како диригент на детскиот хор „Развигорче“ и детскиот фестивал „Златно славејче“.
|