„Разбуди се“ бара вклучување албански експерти во ископувањата на Скопското кале

Скопје, 16 март (МИА) - Граѓанското движење „Разбуди се“ поддржано од уште 12 албански невладини организации и здруженија денеска изрази загриженост поради, како што велат, невклучувањето на албанци експерти за илирска култура во ископувањата на Скопското кале, проект кој започна вчера и е поддржан од Владата.

- Во овој случај археологијата како наука е крајно исполитизирана. Водени од искуството од минатото укажуваме со крајна загриженост дека тимот кој треба да ги изврши ископувањата има за цел да го повтори обидот за искривување на научните факти, без разлика во чија полза ќе бидат тие, рече на денешната прес конференција претседателот на „Разбуди се“ Артан Груби.

Според него, албанците вклучени во проектот се со мало искуство, а од нив само двајца се дипломирани на Факултетот за Историја на уметност со археологија.

Раководителот на проектот за конзервација и реставрација на југозападните бедеми на Скопската тврдина, проф. д-р Драги Митревски, вчера на почнувањето на работите изјави дека во стручната екипа се ангажирани седуммина Албанци од Македонија, дека археолози од Косово се добредојдени за соработка, но не и за учество со обврски.

- Терајќи ја оваа работа како наука, како струка, немам потреба од колеги од Косово, има потреба од соработка од тој вид каков што тие бараат од мене, како гостин, соработник, консултант на нивни истражувања каде што сум учествувал, посебно во Тирана. Имам блиска соработка со Косово тие се секогаш добредојдени, онака како што сум јас добредојден таму, но не со обврски, тоа е повисок степен на соработка, рече Митревски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...