Стојан Тренчевски визитинг-предавач на Духовната академија „Асизи“ од Италија

Скопје, 9 април (МИА) - Граѓанската асоцијација „Мајка Тереза“ од Скопје информира дека новинарот и публицист Стојан Тренчевски, истражувачот и хроничар на животот и делото на Мајка Тереза и нејзинин биограф, е избран за визитинг-предавач на Духовната академија во Италијанскиот световен и образовен центар „Асизи“.

Во ова образовна институција, која работи во рамките на Ватиканскиот просветен ценатр, посебно се изучува личноста и благородната мисија на Мајка Тереза.

- Тренчевски е еден од предавачите за семејните корени, дестството, младоста и посветувањето на Гонџа Бојаџиу во служба на семожниот Господ Бог-Исус Христос, настани поврзани со нејзините 18 години поминати во Скопје и Македонија, се вели во соопштенито од ГА „Мајка Тереза, и се додава дека  во рамките на веронауката и духовно-просветната работа на Католичката црква во светот, тој е еден од малкумината визитинг-предавачи од православна вероисповест.

Книгите „Нашата мајка“, „Скопјанката Мајка Тереза“, „По патиштата од деството на Мајка Тереза“ и филмот „Мајка“, чиј автор е Стојан Тренчевски, се преведени на италијански, англиски, шпански, германски, полски и на бенгалски јазик. Како што информираат од ГА „Мајка Тереза“, тие се дел од материјалот што ќе го користат слушателите и учесниците на предавањата на Тренчевски, посветени на Мајка Тереза во годинава кога се навршуваат 10 години од нејзиното упокојување и кога се очекува благословот од папата Бендеик 16 за нејзиното прогласување за „светица“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...