Комеморативна седница по повод смртта на археологот Воислав Санев

Скопје, 13 април (МИА) - Во Музејот на Македонија денеска ќе биде одржана комеморативна седница по повод смртта на Воислав Санев, истакнат археолог и советник на Македонската академија на науките и уметностите.

За неговиот животен пат и професионалните постигнувања, ќе зборуваат академик Цветан Грозданов, претседател на МАНУ, Мери Пејоска, директор на Музејот на Македонија, Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство, професор д-р Вера Битраков од Филозофски  факултет и Ирена Колштрковска - Настева, претседател на МАНД (Македонско археолошко научно друштво).

Воислав Санев е роден 1938 година во Кочани, основно и средно образование завршил во Македонија, а дипломирал на Филозофскиот факултет во Белград на Катедрата за археологија. Од 1963 работел во Народниот музеј во Штип, а во Музејот на Македонија се префрлил во 1975 каде што и се пензионирал.

Тој зад себе има оставено 40-тина отпечатени трудови со широк опус од македонската археологија. Бил претседател на Одборот за заштита на спомениците на културата во Штип, член на Одборот за Стоби, в.д директор на Музејот на Македонија, претседател на Македонското археолошко научно друштво, дел од уредувачкиот тим на „Археолошка карта на Република Македонија“, како и на списанијата „Зборник“, Штип, „Археолошки зборник“, Скопје, Macedoniae Acta Aheologica и други.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Малиот Трпе го прашува деда си.
- Дедо, сакаш студентка да имаш за жена?
- Е, а кој не би сакал.
- Е па запиши ја баба на факултет!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
ообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради...
Верски календар
На денешен ден
1511.- Роден е италијанскиот сликар, архитект и...
1619.- Во Џемстаун, во Вирџинија, САД, се одржа...
1818.- Родена е англиската писателка со ирско...
1863.- Роден е Хенри Форд, производител и...