Реакција од МРТ на тврдењата за нејзините програмски планови

Скопје, 9 мај (МИА) - Македонската радио-телевизија денеска со соопштение реагира на, како што се наведува, неоснованите тврдења во врска со програмските планови на јавниот сервис.

- Со цел да ја подобри својата програма (што претставува секојдневно барање од страна на сите гледачи на МРТ), да го зголеми квалитетот на информативната, играната, забавната, документарната и другата програма, и со цел да ја подобри генералната програмска понуда на сите свои радио и ТВ сервиси, покрај постоечките ресурси и сопствената продукција, МРТ пристапува кон реализација на соработка со надворешни ентитети кои продуцираат, копродуцираат, продаваат, даваат бесплатно..., или на кој било друг начин овозможуваат програма. Уште повеќе, стапувањето во копродукциски проекти и емитувањето странски аудио-визуелни дела, претставува обврска од Законот за радиодифузна дејност, се вели во соопштението.

МРТ како посебно нелогични ги истакнува некои тврдења, дека, наводно, јавниот сервис не треба да им овозможува добра програма на своите гледачи.

- Напротив, сосема логично е, за своите пари, граѓаните да добиваат квалитетна програма. Според реакциите од нашите гледачи, сосема е очигледен фактот, дека програмата на МРТ се подобрува, и дека куќата како јавен радиодифузен сервис на Република Македонија полека, но сигурно, ги зазема своите цврсти позиции во медиумскиот сектор. Воедно, МРТ нема намера да се меша во комерцијалните интереси на некои дифузери, туку единствено да опстои на патот на тешките и исцрпувачки реформи и овозможувањето квалитетна програма за своите гледачи. А, со останатите електронски и со печатените медиуми, МРТ треба и сака да одржува фер и професионални односи и да гради успешни партнерски релации, се наведува во соопштението од Македонската радио-телевизија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...