Годинашните истражувања на Римскиот форум во Стоби почнуваат во понеделник

Скопје, 11 мај (МИА) - Музејот на Македонија од понеделник ќе го продолжи научно-истражувачкиот проект Римски форум во античкиот град Стоби. Археолошките фази ќе се одвиваат во две фази - првата во мај-јуни, а втората од август до октомври.

Истражувањата на Римскиот форум почнаа во 2003 година. Оттогаш е опфатен габаритот на објектот, кој има околу 800 метри квадратни, и е отворен до височина од пет и пол метри. Градбата била подигната во вториот век, а активно функционирала и во третиот век. Со досегашните истражувања се откриени два нови објекта кои биле во функција на првиот.

Оваа година ќе се истражува внатрешноста на градбата, а истовремено ќе почне и работата  на просторот источно од внатрешниот градски бедем, каде со поранешните ископувања е откриена голема просторија со перистил и со подни мозаици.

Во втората фаза на истражувањата во Стоби ќе бидат вклучени италијански и палестински експерти за мозаици и архитектонска декоративна пластика. Тие заедно со стручни лица од Македонија ќе ги почнат подготовките за реконструкција, конзервација и презентација на целиот објект.

Годинава истражувањата ги финансира фондацијата CISS од Палермо, Италија. Нив ги изведува стручна екипа од Музејот на Македонија под раководство на Мила Шурбановска. Во екипата се Антонио Јакимовски, Горан Санев, Костадин Саздов, Мирослав Димовски и Петар Ризов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...