Во Дебар спроведена кампањата „Надмудри го ракот, биди среќна жена“

Дебар, 26 октомври (МИА) - Во рамките на кампањата „Надмудри го ракот, биди среќна жена“ што ја спроведува Министертвото за здравство во соработка со Македонското женско лоби, денеска во Дебар и во Ростуше, беа одржани предавања во врска со кампањата, превенцијата од рак на грлото на матката и рак на дојка кај жената, како и поволностите кои ги дава оваа кампања со бесплатните прегледи, пап-тестот и мамографијата.

Целта на капмањата, како што рече д-р Бранкица Младеновиќ од Заводот за мајки и деца е „да се допре до жените кои воопшто не се јавиле или ретко се одлучуваат да направат пап-тест“.

Таа го изнесе податокот дека во Република Македонија само 10 отсто од жените прават вакви тестови.

Пред поголем број присутни жени, кои со своите прашања покажаа голем интерес околу можностите кои се нудат со оваа кампања, беше побарано поголема медиумска презентација.

Според Виолета Дракулевска, од Македонското женско лоби, на овој начин Министертвото сака да помогне во подобрувањето на здравјето на жената. Затоа, таа како и д-р Илир Исмаили, од Клиниката за онкологија и редиотерапија, апелираа на редовни прегледи, за подобро здравје, среќна жена за себе и за своите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Колегите го прашуваат Трпе што и земал на девојката за роденден.
- А бе имаше само 500 денари во новчаникот, да имаше повеќе и тие ќе и ги земев.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на дијабетесот
565.- Умре византискиот цар Јустинијан I ...
1263.- Умре Александар Невски, новгородски кнез,...
1533.- Шпанските освојувачи под командата на...