Првиот економски промотор на Македонија започна со работа

Скопје, 30 јануари (МИА) - Првиот од планираните 23 економски промотори на Македонија Димче Николов веќе се сретна со десет компании од Италија откако почна со работа минатата недела, инфорираат од Агенцијата за странски инвестиции.

Тој во следните шест месеци ќе ги претставува поволностите и потенцијалите за инвестирање во Македонија при директни средби со италијански бизнисмени.

Николов, дипломиран економист, бил долгогодишен дипломат, а пред да стане економски промотор на Македонија бил виш советник во Обединетите Нации со седиште во Њујорк. Има екстензивно искуство во преговарање и работење во мултикултурни средини.

Како што информираат од Агенцијата, согласно предвидената динамика, економските промотори за Германија и за Грција со Кипар ќе почнат со работа во текот на февруари. За останатите економски промотори селекцијата е во тек, а се очекува сите да бидат распоредени до крајот на март, во две фази.

Економски промотори ќе има и во Австрија, Холандија со Белгија, Велика Британија со Ирска, Франција, Чешка со Словачка, Унгарија и Полска, Данска со Норвешка и Литванија, Шведска со Финска, Шпанија со Португалија, Словенија со Хрватска, Бугарија со Романија, Русија со Украина, Турција, САД, Канада, Катар со Дубаи, Саудиска Арабија и Кувајт, Израел со Јордан и Египет, Кина со Хонг Конг, Јужна Кореја и Јапонија, како и Индија со Малезија, Сингапур и Австралија. вј/паг/11:33

Таргет на економските промотори е средби со 40-45 компании месечно, а мандатот им е по шест месеци со можност за продолжување во зависност од успехот. Промоторите ќе и репортираат на Агенцијата за странски инвестиции на неделна основа и на Министерството за надворешни работи на крајот на секој месец. Иако независни, промоторите тесно ќе соработуваат со амасадорите во соодветните земји.

Во подготвителниот период промоторите поминаа низ екстензивен тренинг во релевантни државни институции. Покрај ова, секој од промотерите работеше еден-на-еден со консултанти од Велика Британија, Ирска и Чешка кои во својата кариера самите биле промотори на своите земји. Со консултантите се работеше на длабинска анализа на земјите за кои промоторите се задолжени, на изготвување на детални презентации за таргет секторите за секоја земја, како и на усовршување на способностите за презентација и убедување. Дополнително, промоторите се сретнаа со висок менаџмент од странски компании од соодветната земја коишто веќе инвестирале во Македонија, а отпочнаа и контакти со претставници од соодветните дипломатски претставништва во Македонија.

Промоторите ги придружуваа и Министрите за странски инвестиции на неколку состаноци со компании во странство, а исто така презентираа и пред потенцијални инвеститори тука. Тие одат во соодветната земја со изготвена листа на компании за контактирање, според однапред определени критериуми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...