Прилепското село Славеј без сопствена земја

Прилеп, 24 март (МИА) - Прилепското село Славеј со 120 домаќинства и со вкупно 500 жители е едно од ретките во Македонија кое не поседува сопствена земја. Затоа бара од државата на секое семејство да му додели земја под наем за да може да ја работат и да живеат. Нивното барање го разгледува Министерството за земјоделство.

- Ние сме безземјаши. Живееме од земјоделство, а немаме своја земја. Порано, додека работеше ЗИК „Кузман Јосифовски Питу“, сите имаа државна работа. Сега 70 отсто од жителите се невработени и признаваме, диво ја обработуваме државната земја зашто своја немаме, а мора да се живее, вели Страшо Мариноски, претседател на месната заедница.

Мариноски од името на целото село достави писмено барање до подрачната единица на Министерството во Прилеп, а оттука барањето ќе се разгледува во Скопје.

- Бараме од државата да ни додели по еден и пол до два хектари обработлива земја за која ќе си плаќаме наемнина колку што ќе се одреди, истакна Мариноски.

Околу селото има раположиви 350 хектари. Жителите на Славеј се занимаваат најмногу со производство на тутун. Секое семејство произведува од 800 килограми до еден тон годишно. Селото располага и со 350 грла крупен добиток за кој е потребно пасиште. Сите се едногласни дека откако ќе им се распредели земја ќе нема и караници. Селото Славеј е на границата на две општини: Прилеп и Кривогаштани. Населено е од повеќе краеви на Македонија уште од Првата, а најмногу по Втората светска војна.

- Првите жители стигнале од охридско, а ги има и од поречието, мариовско, од егејскиот дел. Дојдени по работа, тука создале семејство и останале. Но до денес немаат своја земја, туку само куќи и покуќнина, раскажува Златко Димитриески чии корени се од охридско.

Жителите на Славеј се надеваат дека државата ќе им излезе во пресрет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Едно утро се шета Милошевиќ низ затворскиот двор во Хаг, А сонцето му вели:
- Добро утро хероју српски, миротворецу најголем, ослободителу наш... (овој се дуе ли се...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
1421.- Повеќе од 100.000 луѓе се удавија кога...
1492.- Кралската двојка на Шпанија (тогашна...
1790.- Во Филаделфија умре Бенџамин Франклин,...
1894.- Роден е рускиот државник Никита Сергеевич...