Тетовските гимназијалци учеа за ЕУ

Тетово, 10 април (МИА) - Учениците од тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ” во рамките на проектот „Учиме за ЕУ” денеска имаа можност од министерот за здравство Имер Селмани и шведската амбасадорка Урлика Кроненберг – Мосберг да дознаат повеќе за Европската унија.

- Целта на нашата посета е да им кажеме на учениците дека се добредојдени во Европската унија и дека за да стигнат до таму треба да се завршат сите домашни работи. Шведска е цврст поддржувач на Македонија. Шведска ја признава Македонија под уставното име и посакува што побрзо нејзино приклучување кон ЕУ и НАТО, рече шведската амбасадорка Урлика Кроненберг – Мосберг.

Учениците имаа можност да се запознаат со зачетокот и развојот на Европската унија. Покрај ова се говореше и за нашите аспирации, за придобивките како и за обврските кои ќе ги имаме со зачленувањето во Унијата.

- Беше интересен разговорот, имаше интересни прашања. Одговоривме и за промените во образованието кои најмногу ги интересираа учениците како и за сите промени кои се прават на пазарот на трудот. Ова помага младите се повеќе да се запознаат со Унијата бидејќи 95 проценти од граѓаните сакаат да бидеме член на ЕУ, рече министерот за здравство Имер Селмани.

На новинарско прашање за коментар околу најавите за предвремени избори Селмани рече дека тоа е политичка одлука и оти е политичко прашање.

- Сериозните политички партии веќе одлучија, нема да коментирам бидејќи одлуката треба да се донесе во Парламентот, рече Селмани.

Во врска со коронарографот на кардиологија во Скопје кој е во дефект министерот истакна дека има два коронарографа. Едниот функционира и работи, а другиот за неколку дена пак ќе биде во функција бидејќи се нарачани сите потребни материјали од странство од компанијата „Филипс“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...