Операта „Цар Самуил“ в петок ќе ги отвори 36. Мајски оперски вечери

Скопје, 7 мај (МИА) - Триесет и шестите Мајски оперски вечери в петок ќе бидат отворени со „Цар Самуил“ на Кирил Македонски, која е прва оперска претстава изведена на фестивалот во 1972 година. Режисер е Огњан Драганов од Бугарија, диригент Саша Николовски-Ѓумар, а во насловната улога ќе настапи Игор Дурловски.

На програмата на годинашните МОВ се и оперите „Тоска“, „Боеми“ и „Турандот“ од Пучини, „Лучија од Ламермур“ на Доницети и „Аида“ од Верди, со која традиционално фестивалот се затвора на 31 мај. Покрај оперски претстави, на МОВ ќе бидат изведени и два балета - „Лебедово езеро“ на Чајковски и „Рајмонда“ на Глазунов, како и концерт на Македонската филхармонија, која по повеќе години отстуство се враќа на МОВ со симфониска програма.

Уметничкиот директор на Операта Дејан Прошев на денешната прес-конференција соопшти дека ќе гостуваат солисти од Русија, Украина, Бугарија, САД, Канада и од Италија.

Звучно име на фестивалот е светски познатиот тенор Владимир Галузин, солист на познатиот Марински театар од Санкт Петербург и носител на титулата Народен артист на Русија. Тој на 24 мај ќе настапи во улогата на Калаф во „Турандот“. Познати оперски имиња се и сопранот Фабијана Браво, која ќе ја игра Тоска и Тамара Хаскин, која е првата црнкиња што ќе настапи на Фестивалот и ќе ја игра Аида.

Операта во два чина „Цар Самуил“ повторно е на репертоар по седум години. Во 2001 година, исто така, главната улога ја толкуваше Дурловски. Тој рече дека сега на 31 година поинаку ја доживува оваа опера, како потресна и длабоко емотивна приказна.

- Како бас немам можност да настапувам во насловни улоги, а сега сум посебно задоволен што покрај тоа играм и во национална опера, рече Дурловски.

Сценограф на оваа оперска претстава е Живоин Трајановиќ, а костимограф Елена Дончева. Фестивалскиот оган на 9 мај ќе го запали поранешниот концерт - мајстор Ѓоко Николовски, а во фоајето на МОБ ќе бидат отворени три изложби.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Која е разликата меѓу плавуша и желка?
Плавуша подобро се снаоѓа на грб!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Ден на знамето на САД
- Светски ден на крводарителството
1645. - Во граѓанската војна во Англија силите...
1777. - Конгресот на САД го прифати знамето...
1798.- Роден е чешкиот историчар и политичар...