Претседателот Црвенковски им врачи „Орден за заслуги за Македонија“ на пет факултети од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

Скопје, 24 мај (МИА) - По повод 24 мај - Денот на сесловенските просветители и патронен празник на скопскиот универзитет денеска претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски на пет факултети им врачи високо државно признание „Орден за заслуги за Македонија“.

Ордени за заслуги им беа врачени на Медицинскиот, Шумарскиот, Природно-математичкиот, Факултетот за земјоделски науки и храна и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ за нивниот децениски придонес во научно-образовната мисија и за врвните резултати во образовната и научно - истражувачка дејност.

На свеченоста, што се одржи во Ректоратот на  Универзитетот, претседателот Црвенковски му врачи одликување „Медал за заслуги за Македонија“ и на д-р Горан Калоѓера, професор на хрватскиот универзитет во Ријека за неговиот исклучителен придонес за афирмација на македонската наука за книженост и на македонската култура во светот, како и за неговата заложба за унапредување на соработката и пријателските врски меѓу Македонија и Хрватска.

Честитајќи им го патрониот празник, претседателот Црвенковски рече дека сите 23 факултети и 10-те научни институти и други институции во склопот на Универзитетот учествуваат во остварувањето на големата цел и мисијата на Универзитетот - тој да биде автономна, научна, високообразовна институција која обезбедува наставна, научна и апликативна дејност во техничките, природно-математичките, биохемиските, уметничките, медицинските и општествените науки.

- Ви го честитам патриониот празник на Универзитетот и ви пожелувам уште многу успеси во вашата наставна дејност и посебно во вашата посветеност во научно-истражувачката работа, со што придонесувате во меѓународната афирмација на домашната мисла и пракса дома и во светот, а со тоа Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје продолжува да биде силен стожер на самобитноста на македонскиот народ и македонската држава, рече претседателот Црвенковски.

По повод патрониот празник на скопскиот Универзитет, пред споменикот на Св. Кирил и Методиј се одржа молебен, а свежо цвеќе положија министрите за финансии и правда, Трајко Славески и Михајло Маневски и заменик-министерот за култура Слободан Деспотовски.

Во рамки на прославата, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ официјално беше отворен и Македонско-италијанскиот мултимедијален образовен центар. Центарот, кој е изграден со финансиска поддршка на италијанската Влада, зафаќа простор од 400 метри квадратни и е составен од библиотека, изложбен простор, канцеларии, мултимедијален простор со опрема за видеоконференција, симултан превод и видео уреди за нови методи на учење.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...