Рациновото признание за 2008 му беше врачено на Луан Старова

Велес, 13 јуни (МИА) - Во Велес доцна синоќа на Луан Старова му беше  врачено Рациновото признание за 2008 година.

- Во сите  години на мојот живот Рациновите стихови остануваа постојано присутни и живи во моето сеќавање. Седејќи во куќата на Рацин ја најдов  вистината за мојата балканска сага на веќе три илјади испишани страници во кои на прв план е обединувачката имагинација, мисијата во потрага на хармонијата на разликите во еден среќен соживот до заедничка европска иднина, изјави Луан Старова примајќи го високото Рациново признание за романот „Потрага по Елен Лејбовиц“. 

- Во наградената книга „Потрага  по Елен Лејбовиц“ во таа  автентична сказна со литературна надеж во овие тешки времиња со заеднички аргументи кои ги нуди животот со моќта на литературата ја упатувам пораката до сите луѓе во Европа, најмногу до политичарите и дипломатите, нека политичкото единство на Европа се протега дотаму до каде што допира европската култура и литература. Оваа порака вечерва ја упатувам од овој чудесно убав град Велес, градот на Рацин. Тој е стожерниот автор на идентитетот на македонскиот народ, тој е поетот кој своите кристално јасни стихови ги вградува во химната на човештвото, изјави Старова.

Луан Старова по примањето на наградата изјави за МИА оти тоа за него е посебно драгоцена награда бидејќи ја добива во годината на Рацин, 100-те години од неговото раѓање. - Добивањето на оваа награда за мене претставува  големо охрабрување да ја продолжам својата пишувачка мисија. Во секој случај таа е обединувачка  во овие времиња кога на луѓето им треба  најмногу обединување, единство и заедништво, изјави Старова.

На свеченото затворање на 45-те Рацинови средби беше претставен и портретот на добитникот на Почесното Рациново признание за 2008 - професорот Иван Доровски од Чешка, кој е голем афирматор на македонскиот јазик и литература во странство

Во негово отсуство во Велес, наградата ја прими неговиот македонски колега и пријател академик Гане Тодоровски. Тој најави дека наскоро ќе излезе од печат препевот на „Бели мугри“ од Рацин на чешки јазик од професорот Доровски.

Вечерта беше збогатена со стиховите од Рацин „Огномет“, додека во небото над градот над отворената летна сцена во  амфитеарот на Младинскиот парк беше блесна  величествен огномет во чест на Рацин. Вечерта беше заокружена со  мошне успешен  целовечерен концерт на Биља Крстиќ и Бистрик оркестра. 

Вчера попладнето учесниците на Рациновите средби од земјава и странство ја посетија и Спомен куќата на Рацин.

Рациновите средби денеска продолжуваат  во Лопушник, Кичевско, местото на трагичното загинување на Рацин, на денешен ден, 13 јуни во 1943 година. Таму  во програмата за Рацин пред неговото спомен обележје ќе учествуваат поетите од Македонија и странство ученици од велешката Гимназија Кочо Рацин и од општините Другово и Кичево, борци и припадници на АРМ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...