Претседателот Црвенковски потпиша решение за помилување на градоначаникот Заев

Скопје, 2 август (МИА) - Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски денеска потпиша решение за помилување на градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев и за неговите петмина соработници, соопшти неговиот Кабинет.

Во соопштението се вели дека претседателот Црвенковски по извршените консултации со претседателите на СДСМ и ДПА, Радмила Шеќеринска и Мендух Тачи, бил информиран дека двете политички партии го прифаќаат неговиот предлог за надминување на политичката криза во земјава и оти се враќаат во Собранието, во ЗЕЛС и воспоставуваат нормална соработка со сите институции во државата. Согласно тоа, како што се наведува во соопштението, претседателот Црвенковски го потпишал решението за помилување на градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев и неговите петмина соработници.

Од Кабинетот на претседателот Црвенковски информираат и дека тој согласно јавно промовираниот план донел и одлука за непотпишување на указите за прогласување на Законот за употреба на јазиците, Законот за лобирање, Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, Законот за изменување и дополнување на Законот за експропријација, Законот за изменување и дополнување на Законот за адвокатура и Законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика.

Писменото известување за оваа одлука претседателот Црвенковски ќе го упати до претседателот на Собранието в понеделник, на 4 август.

Вчерашната седница и повторното изгласување на групата закони, за претседателот Црвенковски претставува грубо кршење на уставните и законските норми, бидејќи, како што се вели со соопштението, таквата постапка единствено е можна по писменото известување од страна на претседателот на државата до претседателот на Собранието, што овој пат не било случај.

- Оттука ваквите одлуки на Собранието се невалидни и не произведуваат правно дејство, се вели во соопштението и се додава дека претседателот Црвенковски апелира до премиерот и лидер на парламентарното мнозинство Никола Груевски да ги согледа, како што се вели, сите штетни последици од спроведување на ваквите политики.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Ало, Министерство за финансии ми треба.
- Грешка сте, тука е Министерство за развој.
- Ништо, и на вас да ви ебам мајката.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1844.- Умре Џон Далтон, англиски хемичар и...
1880.- Во Каиро умре иранскиот шах во бегалство...
1981.- Почна со работа новата Железничка станица...
1992.- Во Скопје, во чест на започнувањето на...