Отворена првата народна кујна во општина Центар

Скопје, 5 ноември (МИА) -  Министерството за труд и социјална политика во соработка со општина Центар денеска во Скопје ја отвори првата народна кујна на нејзината територија.

Просторијата во која ќе се делат топлите оброци се наоѓа во урбаната заедница „Раде Јовчевски Корчагин“ во Маџир Маало. Стотината идни корисници во неа ќе можат да добиваат топол оброк секој ден од понеделник до петок.

- Отворањето народни кујни е проект на Владата на Република Македонија и досега со него се отворени 33 вакви кујни. Утре ќе се отвори во Дебар. Досега 3.200 лица се корисници на топол оброк од отворените кујни. Денешната кујна е отворена во соработка со општината Центар која го обезбеди просторот, рече на отворањето министерот за труд и социјална политика Џељал Бајрами.

Тој додаде дека проектот ќе продолжи и натаму со цел, како што рече, да им се помогне на најсиромашните, на оние кои навистина имаат потреба од парче леб.

- Свесни сме дека подобро би било доколку можеме за нив како држава што побрзо да отвораме нови работни места за да немаат потреба од вакви кујни, но додека работиме на остварувањето на таквите услови треба да им обезбедиме и парче леб, рече Бајрами.

Градоначалничката на општина Центар Виолета Аларова истакна дека ова е прва народна кујна отворена на нејзината територија, но додаде дека ќе бидат отворени и нови секаде каде за тоа ќе има потреба. 

- Посебно сум возбудена што првата кујна се отвора на оваа улица каде јас сум се родила. Во ова маало луѓето отсекогаш си помагале едни на други и задоволсто ми е што сега општината може да помогне на сите луѓе на кои им е потребна помош, рече Аларова.

За реализација на овој проект, општина Центар го обезбеди просторот каде што ќе се дели храната, лицето задолжено за тоа и опремата за подготовка и диструбуција на храната, а Министерството за труд и социјална политика ги обезбеди средствата за подготовка на храната.

Владата на Република Македонија се определи за политика на развој на социјалната заштита преку обезбедување еден оброк за лица изложени на социјален ризик. За реализација на овој проект од Буџетот на Република Македонија се одвоени 48 милиони денари. Со ребалансот на Буџетот дополнително се обезбедени уште 33 милиони денари. Проектот го реализира Министерството за труд и социјална политика во соработка со локалната самоуправа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Женска логика

Патувам со градски.
Преполн е и баш не ми се турка до апаратот за да ја поништам картата.
Ќе ја замолам жената пред мене да ја поништи.
Како да и се обратам,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
330.- Константинопол (сегашен Истанбул) стана...
1896.- Во Чаковец е роден Јосип Славенски,...
1904.- Во Фигерас е роден е Салвадор Дали,...
1916.- Умре Макс Регер, германски композитор на...