Изложба на графики и цртежи од Димче Николов во Музејот на современа уметност

Скопје, 18 ноември (МИА) - Во Музејот на современа уметност вечер ќе биде отворена изложба на графики и цртежи на Димче Николов, изработени  од 1975 до 1997 година. Со изложбата на Николов (1953-1998) МСУ продолжува со презентацијата на автори кои имале клучна улога во развојот на ликовното творештво во Македонија.

Николов значајно придонел во поттикнувањето на развојот на современата македонска графика и со неговата појава, кон крајот на 70-тите години на 20 век, оваа уметност добива поинаква димензија и квалитет во земјава. Тој ја третира графиката како самостоен ликовен медиум, поставен на исто рамниште со сликарството и со скулптурата. Претставувајќи ја својата ликовно-естетска преокупација преку класичните графички техники (линорез, литографија, сува игла, бакропис-акватинта), Николов постигнува квалитет со кој остава неодминлива трага во развојот на оваа уметност.

Вечерашната изложба е прво поцелосно претставување на творештвото на Димче Николов, прекинато со неговата ненадејна смрт пред десет години. Автор на проектот и организатор на изложбата и на монографијата е Захаринка Алексоска-Бачева, кустос-советник во Музејот на современа уметност.

Николов дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Љубљана (1978), каде што две години подоцна ги завршил и постдипломските студии. Од 1986 до 1998 беше редовен професор по графика на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, а од 1995-1998 и негов декан. Учествувал на сите значајни меѓународни годишни, биенални и триенални манифестации за графика.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Новиот клиент го прашува адвокатот Трпе.
- Колку наплаќаш за услугите?
- 100 евра за три прашања.
- А бе, не е тоа малку скапо?
- Скапо е, ама тоа е. И, кое е твоето трето...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1926.- Во Лос Анџелес е родена Норма Џин...
1953.- Во Женева е основана Европската...
1974.- Умре Хуан Перон, аргентински политичар и...
1992.- Во Скопје е поставен камен - темелникот...