СОНК најавува генерален штрајк за понеделник

Скопје, 20 ноември (МИА) - Вработените во градинките, основното, средното и високото образование, науката и културата в понеделник ќе стапат во генерален штрајк, најави денеска на прес-конференција Дојчин Цветановски, претседател на Синдикатот за образование, наука и култура СОНК.

Со штрајкот се бара најдоцна до крајот на годинава да бидат потпишани колективните договори за дејноста згрижување и воспитание на деца, за високо образование, за наука, измените и дополнувањата на колективниот договор за култура,  и сите да се применуваат од први јануари следната година. СОНК бара надоместокот за храна да се исплаќа во износ од 20 проценти од просечната плата на ниво на држава и да се применува од почетокот на следната година, а надоместокот за превоз да биде во висина на реалните трошоци на работникот што ги плаќа за одење до работното место и враќање дома. Дел од барањата на СОНК е и трансформација на договорите за работа на вработените во образованието, науката и културата  на определено време, во договори на неопределено време.

Според Цветановски, одлуката за генералниот штрајк ја донел Советот на СОНК на 9-ти овој месец, а уследила откако СОНК не постигнал договор со ресорните министерства за поставените барања.

Цветановски вели дека ќе се преговара се до почетокот на штрајкот, на што Синдикатот е и законски обврзан. За в сабота е закажана седница на Советот на СОНК, на која се поканети претставници од ресорни министерства, кога повторно ќе се разговара за поставените барања.

Претседателот на СОНК појасни дека во текот на штрајкот, вработените во институциите кои ќе штрајкуваат ќе бидат на работните места, но нема да изведуваат настава и воспитни дејности. Ќе се згрижуваат децата од целодневна настава и од градинките, исто така без воспитно образовни активности.

Во досегашните преговори, како што информира Цветановски, се доближени ставовите за трансформацијата на договорите за работа од опредено на неопределено време. Начелно е договорено тој проблем да се реши за три месеци. Најголеми разлики има за барањето за исплата на надоместоците за храна и превоз, за кое СОНК добива поддршка и од останатите членки на Конфедерацијата на слободни синдикати во која членува. - Го поддржуваме штрајкот на СОНК, а дел од гранките на КСС не ја исклучуваат можноста за активна поддршка особено во делот на исплатата на надоместоците за храна и превоз, што ги засега сите вработени во јавниот сектор, најави на прес-конференцијата генералниот секретар на КСС Ристо Ајтов.

Според анексот на Општиот колективен договор за јавниот сектор чиј потписник со Владата е КСС, износот на надоместоците за храна и превоз треба да се договори до крајот на годинава и да почне да се применува од први јануари следната година. За тогаш Владата најави старт на концептот за исплата на бруто плата, во кој, пак, СОНК и КСС инсистираат да бидат опфатени храната и превозт.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...