Кривична пријава за скопјанец кој ја принудувал малолетната ќерка да питачи во Дебар

Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против скопјанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Запуштање и малтретирање дете“, по член 201 од Кривичниот законик.



-Пријавата е поднесена против С.Р.(30) од скопската населба Шуто Оризари. На 10 овој месец во 20.40 часот, при контрола на главната улица „Елена Ѓика“ во Дебар, полициските службеници, во питачење го затекнале пријавениот со неговата петгодишна ќерка. Веднаш беа повикани претставници од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи - Дебар и адвокат за малолетници а С.Р. веднаш беше лишен од слобода, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Во рамки на засилените контроли, со цел сузбивање на појавата на питачење, ова е последователен ваков случај. Во средината на минатиот месец, дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против мајка и баба поради принудување малолетно лице да питачи.

Кривична пријава беше поднесена против Н.М.(28) од Струмица и нејзината мајка Д.Д.(57) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање дете“.

Појавата на питачење по улиците на Дебар е честа појава, посебно пред и за време на верски празници, како и во летниот период кога во родниот крај масовно престојуваат печалбарите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Отишол Трпе на гинеколог.
- Еве ви ја жената докторе, ако може да и ја проширите малку.
Докторов со задоволство го прифатил тоа, отишол во другата соба и завршил работа.
Ја...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1915.- Во селото Битуше, гостиварско, роден е...
1942.- Во Софија, бугарските фашисти ги стрелаа...
1942.- Почна Сталинградската битка меѓу...
1992.- Во Скопје е формирана Комора на...