|
|
|
Потпишување договор за соработка на Република Македонија со ЕВРОПРАВДА во Брисел Скопје, 28 ноември (МИА) - Министерот за правда Михајло Маневски, како овластен потписник на Република Македонија и претседателот на Колегиумот на ЕВРОПРАВДА (ЕУРОЈУСТ) Хозе Луис Лопес да Мота, денеска во Брисел ќе потпишат договор за соработка.
Потпишувањето договор за соработка помеѓу ЕВРОПРАВДА (ЕУРОЈУСТ) и земја која не е членка на ЕУ претставува највисок можен облик на соработка.
ЕВРОПРАВДА (ЕУРОЈУСТ) е прва постојана мрежа на судските власти во светски рамки која придонесува за поефикасна борба со транснационалниот организиран криминал од страна на належните институции.
ЕВРОПРАВДА (ЕУРОЈУСТ) има за цел да ја подобри соработката помеѓу надлежните тела преку овозможување на меѓународна взаемна правна помош и преку имплементација на барањата за екстрадиција.
ЕУРОЈУСТ обезбедува соработка при истрагата и работата на обвинителствата помеѓу компетентните тела во земјите членки и земјите кандидати на ЕУ од областа на прекуграничниот и организираниот криминал.
Потпишувањето на Договорот е една од обврските на Рeпублика Македонија за членство во ЕУ, која согласно Националната програма за приближување кон законодавството на ЕУ, се реализира во планираниот рок крајот на 2008 година. Формалното потпишување на договорот за соработка со ЕУРОЈУСТ настапува откако веќе се исполнети сите предуслови и успешно се завршени неколкумесечните преговори на Владата на Република Македонија и Министерството за правда со ЕВРОПРАВДА (ЕУРОЈУСТ).
|
|
|
|
 |
|
 |
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
 |
Виц на денот |
|
И предлага мажот на жената да се избричи доле,а таа прашува: -А зошто? -Па така,малце промена,за еротика знаеш. -Ти не си нормален,па да ми се смее цело село. |
|
|
 |
Состојба на патиштата |
|
|
|
 |
Верски календар |
|
|
|
 |
На денешен ден |
|
331 п.н.е.- На реката Тигар, во Месопотамија,...
480. п.н.е.- Во поморската битка кај островот...
1519.- Португалскиот морепловец Фернандо Магелан...
1833.- Роден е италијанскиот новинар и пацифист...
|
|
|
|