„Пеперутки“ - избор од творештвото за деца од Иван Ивановски

Скопје, 23 декември (МИА) - „Македонска реч“ од Скопје неодамна ја објави книгата „Пеперутки“, избор од творештвото за деца на македонскиот писател и театролог Иван Ивановски. Изборот ги опфаќа  неговите книги за деца „Врти се врти вретенце“ (поезија), „Мамините раце се златни“ (поезија), „Ах ти мило детенце“ (поезија, повеќе изданија – десетина години лектира за прво одделение), „Штурчевото дуќанче за музикалии“ (раскази), „Спроти Нова година“ (пиеса во стихови).

Во книгата се објавени и хумористични песни и препеви според мотиви од народната поезија од разни земји. Книгата е илустрирана со цртежи на Ленче Тосева. Литературата за деца на Иван Ивановски (1930, Дебар) е застапена во повеќе антологии и е преведена на неколку јазици. Ивановски има објавено повеќе од 50 книги од областа на театарот. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1965 година. Добитник е на повеќе награди и признанија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...