Прва награда за уметникот Никола Узуновски на фестивалот „Видео.Ит“ во Торино

Скопје, 2 април (МИА) - Македонскиот уметник Никола Узуновски освои прва награда на конкурсот на фестивалот „Видео.Ит“ во Торино за видеоделото „Моето сонце“. Проектот го опишува процесот на создавање  модел за вештачко сонце, од престојот на Узуновски во италијанското место Полинарија во 2008 година, каде што учествуваше во програмата за уметници и научници за истражување на алтернативни енергии, биоекологија и заштита на природата.

„Моето сонце“ е еден од двата уметнички проекта со кои Македонија во јуни ќе се претстави на 53. Уметничко биенале во Венеција.

Наградата во Торино е второ значајно признание за Никола Узуновски за овој проект. На „Триесте контемпоранеа“ тој беше награден и за најдобар млад уметник на Југоисточна Европа во 2007 година.

Фестивалот „Видео.Ит“ се одржа од 25-ти до 27 март во реномираната Фондација „Марио Мерц“ во Торино и одбележа десет години постоење. Учествуваа уметници од Франција, Италија, Грција, Израел, Турција и од Палестина. Фестивалот тематски беше посветен на земјите на Медитеранот, како дел од соработката со Медитеранското биенале на млади уметници, кое во септември ќе се одржи во Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
П: Како жените ги споредуваат машките пениси?
О: Голем, поголем, таман.
П: Како мажите ги споредуваат своите пениси?
О: Мал, помал, ист како мојот.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
330.- Константинопол (сегашен Истанбул) стана...
1896.- Во Чаковец е роден Јосип Славенски,...
1904.- Во Фигерас е роден е Салвадор Дали,...
1916.- Умре Макс Регер, германски композитор на...