Иванов ќе работи во новата резиденција „Анекс“ на Водно

Скопје, 11 мај (МИА) - Новиот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов ќе работи во кабинет во новата резиденција од околу 2.500 квадратни метри на Водно, таканаречената вила „Анекс".

Новата резиденција која почна да се гради во 2004 година е целосно одвоена од претседателската вила во којашто живее претседателот. Вилата и работната резиденција се на оддалеченост од околу три километри, не им граничат ни дворовите и не се поврзани ни со подземни канали.
 
Вилата „Анекс“ има приземје и кат кој е на повеќе нивоа. Таа е составена од стар и нов дел. Стариот дел кој е реновиран е остаток од некогашна државна вила која во минатото ја користеле функционери, а новиот е граден изминатите четири години, а за изградбата од државната каса се потрошени околу пет милиони евра.  

Во вилата, освен канцеларијата на претседателот има посебни работни простории за неговите служби, како и посебни простории за состаноци и приеми. Мебелот ќе биде модерен и со национални обележја.

Во паркот околу вилата ќе бидат засадени  чемпреси, елки и други зимзелени дрвја, пространи тревници и цветни градини.

Сегашните простории во Парламентот кои служеа како претседателски кабинет ќе бидат отстапени за потребите на собраниските служби. Во канцеларијата на Црвенковски ќе се всели собранискиот спикер Трајко Вељаноски, а канцелариите на советниците на досегашниот претседател ќе станат канцеларии за 17 пратеници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...