Јанкулоска: Новите хеликоптери на МВР со најсофистицирана опрема

Охрид, 2 јуни (МИА) – Со набавката на новите четири хеликоптери, произведени декември минатата година, македонската полиција добива најсофистицирана опрема што може да се користи за најразлични цели и задачи, истакна министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која заедно со заменик-амбасадорот на САД во Македонија Томас Навратил денеска го отвори тридневниот семинар посветен на Програмата за поддршка на развојот на транснационални механизми за третман на жртвите на трговија со луѓе во Југоисточна Европа.

Јанкулоска потенцира дека тоа се летала  кои спаѓаат во редот на најдобро опремените и најбараните на пазарот во моментов, но не даде одговор на новинарското прашање колкава е цената на новите хеликоптери. Таа подвлече дека леталата се набавени согласно Законот за јавни набавки, по најдобрата понуда согласно опремата која ја поседуваат, односно опремата за полициски потреби.

- Со задоволство пред целата македонска јавност и граѓаните на Македонија можам да потврдам уште еднаш дека македонската полиција ја има најсофистицираната опрема што може да се користи за најразлични намени. Пред се тоа се акции за заштита и спасување, што е дел од примарните задачи на полицијата, понатаму доколку е потребно учество во цивилни мисии, но исто така и голем број други операции за кои овие летала се опремени со најсофистицирана опрема, рече Јанкулоска.

На барање на новинарите да ги коментира вчера објавените информации во некои српски медиуми дека дел од лицата уапсени во врска со убиството на Иво Пуканиќ би можеле да бидат поврзани и со обидот за атентат врз претседателот Киро Глигоров, министерката Јанкулоска нагласи дека македонското МВР нема информации кои би ги потврдиле или демантирале таквите тврдења.

- Немаме информации со кои би го потврдиле или демантирале таквото тврдење. Сепак е прерано да се коментира за настан кој се случи доцна попладнето, но се разбира, како и во секој друг случај секоја информација ја проверуваме и врз основа на проверките ќе дадеме одговор дали постои основа за таква шпекулација или не, додаде министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...