„Елефтерос типос“: Атина стравува од „македонизирање“ на Министерскиот состанок на ОБСЕ на Крф

Атина, 22, јуни (МИА) - Раздвижување околу спорот за името меѓу Атина и Скопје ќе има во септември за време на Генералното собрание на ОН во Њујорк, пишува денеска грчкиот весник „Елефтерос типос“.

Весникот додава дека по денешната рунда разговори во Женева, вниманието ќе биде насочено кон Крф каде што е можна средба на министрите за надворешни работи на Грција и на Македонија Дора Бакојани и Антонио Милошоски на маргините од Министерскиот состанок на ОБСЕ.

Според дипломатски извори на кои се повикува „Елевтерос типос“, Атина е загрижена дека Скопје може да ја искористи одлуката на грчките власти да му дозволат на Милошоски да дојде на Крф со владиниот авион на кој пишува Република Македонија. Грчки дипломати во странство, како што се посочува, добивале честитки бидејќи претстоело постигнување компромис за името, базирајќи ја таа констатација на дадената дозвола за македонскиот владин авион.

Грчкото МНР стравува и од можноста состанокот на ОБСЕ да се „македонизира“ и интересот на странските медиуми да биде насочен кон Милошоски, наведува „Елефтерос типос“.

Шефицата на грчката дипломатија Бакојани денеска изјави дека кабинетот на Милошоски побарал нивна тет-а-тет средба на Крф и оти „таа ќе се обиде да се сретне со него“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Возел камионџија и паишол на калуѓерка - автостоперка. Застапал ија примил во камионот. Кога се доближиле до целта и рекол дека мора да му плати за возењето. Калуѓерката му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
632.- Умре Мухамед, основачот на исламот.
1508.- Во Рашица, Словенија, е роден Примож...
1695.- Умре холандскиот астроном, математичар и...
1809.- Умре англискиот политичар и писател Томас...