Промовиран спотот „Охрид - град на светлината“ - дел од проектот „Македонија вечна“

Скопје, 2 јули (МИА) - Маркетинг-агенцијата „Њу момент“ денеска го промовираше спотот „Охрид - град на светлината“ (Ohrid - City of Light“) - трет од владиниот проект „Македонија вечна“, кој од денеска ќе се прикажува на Си-Ен-Ен за туристичка промоција на Македонија.

Се работи за видеоприказна за која инспирацијата за насловот е старото име на Охрид - Лихнидос, т.е. град на светлината. Во шеесет секунди се претставени знаменитости на балканската лулка на културата, уметноста и религијата, цркви и манастири, добрата храна и и бисерите, а сето тоа раскажано низ визуелна игра на светлината и сенките.

Спотот е идеја на авториски тим од агенцијата „Њу момент“, изработен по сценарио и режија на Душан Дракалски, директор на фотографија е Слободан Трник-Трн, фотограф Ѓорѓи Клинчаров, а продуценти на спотот се Филип Димитров и Горан Саздановски. Спотот е сниман пет дена и ги прикажува препознатливите локации на Охрид - Плаошник, селото Трпејца, Св. Наум, Св. Перивлепта, стариот град и куќата на Робевци... Во креирањето е вклучена 70-члена екипа, а вкупниот буџет е 80.000 евра.

Во спотот се појавуваат Мето Јовановски, Каролина Гочева и Николина Кујача. Ќе се прикажуваат две веризии на спотот - едната со музика на композиторот Дуке Бојаџиев и втората со музика на групата „Фолтин“.

- Градот е претставен во еден ден. Се трудевме повеќе да опфатиме културни локации, зашто не верувам дека странците ќе посветат многу внимание на плажи, хотели... Ова е претставување на една земја. Сепак, сметам дека направивме примамлив спот, изјави режисерот Дракалски.

- Се трудевме да влеземе сериозно во прашањето на националното брендирање и се трудевме пораката која ќе ја дадеме да биде издржлива и да предизвика емоции, истакна Сашо Пешев, директор на „Њу момент“.

Во рамки на кампањата за промоција на Македонија беше изработен еден носечки спот „Македонија вечна“ на Милчо Манчевски. Потоа Владата распиша конкурс за пет спотови за сегментирано раскажување на приказната за Македонија - спотот на Игор Иванов за туристичко промовирање на земјава, на Манчевски - „Манастирите на Македонија“ и денеска промовираниот спот за Охрид. Остануваат уште два тематски спота - за македонското вино и за археологијата во Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...