Автоматизација на државната администрација преку интегриран електронски систем за управување со документи

Скопје, 5 јули (МИА) - Државните службеници во 21 државна институција преку унифициран систем електронски ќе ги креираат и управуваат сите видови документи, со што ќе се намалат времето и трошоците за работа и ќе се подобри ефикасноста на институциите.

Такви резултати треба да даде примената на интегрираниот е-владин систем за управување со документи, со вредност од 48 милиони денари, што го презентира денеска на прес-конференција министерот за информатичко општество Иво Ивановски.

Според Ивановски, унифицираниот систем значително ќе ги подобри способностите и капацитетите за управување со документи во институциите,  ќе обезбеди целосна автоматизација на работните процеси и  ќе се запазуваат роковите за процесуирање на предметите. - Доколку одреден службеник не го проследи предметот во одредениот рок, самиот систем е програмиран да го извести одговорното лице, со што ќе може веднаш да се интервенира. Веќе ќе нема веќе криење на документи во фиоки, објасни министерот Ивановски.

Тој информира дека првин ќе се спроведе пилот проект со по неколку административни процеси во министерствата за животна средина и просторно планирање, за информатичко оптестсво, за транспорт и врски и за економија, и во владината Служба за општи и заеднички работи. До крајот на годината се планира да бидат автоматизирани 500 административни процеси.

Презентирајќи ги активностиоте од пилот фазата која е веќе почната во Министерството за информатичко општество  Ивановски рече дека сите документи кои ќе  доаѓаат во Министерството ќе бидат електронски скенирани и електронски проследени од најнискиот до највисокиот ранг, одонос до потписникот на документот, кој пак ќе биде електронски архивиран и проследен до граѓаниниот. Документите кои ќе бидат  креирани во самата институција исклучиво ќе бидат електронски и после тоа со примена на електронски потпис, што ќе го поседува секој државен службеник,  ќе се проследуваат до соодветните надлежни лица.

- Со воведувањето на системот за електронско раководење со документи  во сите министерства Македонија ќе биде лидер меѓу земјите во регионот на Југоисточна Европа во примена на информатичко комуникациските технологии во државната администрација, оцени Ивановски.

Одговарајќи на новинарски прашања, Ивановски рече дека цената за проектот е многу ниска споредено со останатите земји каде не се  спроведувал таков систем во толкав обем во  ист момент.  - Тоа што другите земји го почнале пред 15 година Македонија мора да го почне сега. Ги наоѓаме најдобрите практики и ги имплементираме. Со набавката на опремата за 21 институција има дисконт. Нашата цена е најниска во регинот, а  дококу одевме парцијално  година по година цената ќе беше пет до шест пати поголема, објасни Ивановски.

Според него, инсталираниот софтвер на интегрираниот систем е лидер во електронското раководење со документи. Во подготовката на целиот проект се користени искуства од Австрија, Германија и Словенија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...