Целосно реновирано и опремено старечкото одделение во КПД Идризово

Скопје, 17 јули (МИА) - Министерството за правда, согласно утврдената програма за создавање подобри услови за престој во казнено–поправите установи во Република Македонија, презема соодветни мерки за подобрување на условите за престој на осудените лица.

Министерството за правда и Управата за извршување санкции, како што стои во денешното соопштение, презедоа мерки за обезбедување средства за комплетно реновирање и опремување на старечкото одделение или објектот за хронично болни и работно неспособни осудени лица во КПД Идризово, кое беше посочено како една од просториите кои имаат лоши услови за престој на осудени лица.

Старечкото одделение е со капацитет за околу 50 лица кои се хронично болни и неспособни за работа.

Со извршеното реновирање е хуманизиран просторот и е целосно прилагоден на меѓународните стандарди за издржувањето на казната на оваа категорија осудени лица.

Објектот е комплетно реновиран. Целосно се обновени надворешните ѕидови и фасадата, заменети се прозорците и вратите, заменет е подот и поставен е ламинат, изградени се нови санитарни јазли, изградена е и опремена чајна кујна,  преградени се пет посебни простории кои се целосно опремени со нови кревети, душеци и постелнина, ормарчиња и нови маси со столици.

Во Казнено-поправниот дом Идризово, како што информираат од Министерството за правда, во тек е реновирањето на објект таканаречено „школо“, каде што исто така предвидена е изградба на нови санитарни јазли (бањи и тоалети), замена на подот, фарбање и нова опрема. Се очекува работите да завршат до почетокот на септември.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Црногорецот му раскажува на внукот како на времето храбро се бореле со Турците.
- "Ми ка соколови низ Цетиње, а Турци ка пизде за нама"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Царинската служба на Република...
1629.- Роден е холандскиот астроном, математичар...
1685.- Умре англискиот писател Томас Отвеј, чии...
1759.- Умре германскиот композитор Георг Фридрих...