Штетата во Св. Јован Бигорски над 5,5 милиони евра

Дебар, 30 септември (МИА)  - Проблеми во инсталацијата на електричните и плинските уреди во кујната, според првичните сознанија, се причина за пожарот што избувна изутрината во манастирот Св. Јован Бигорски. Вработени од крим-техниката од Министерството за внатрешни работи прават експертиза и таа веројатно ќе трае подолго, но, како што нагласуваат, причина за пожарот не е човечки фактор.

Пламенот прво го зафатил кујнскиот дел, по што се проширил во трпезаријата, конаците и библиотеката, кои се целосно изгорени, но нема повредени лица.

Штетата од огнената стихија, според проценките на Националниот конзерваторски центар, изнесува над 5,5 милиони евра. Но, трајно се уништени и објекти и предмети чија историска и културна вредност е ненадоместлива.

Најавено е формирање посебно тело кое ќе ги координира активностите околу возобновувањето на манастирот.

Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Валентина Божиновска, во изјава за МИА, најави дека Владата веднаш на следната седница ќе ги обезбеди потребните средства за обнова на манастирот.

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи  ќе ги повика сите јавни претпријатија  и бизнисмени да донираат и во што пократок рок да му се помогне на братството од манастирот за повторна изградба на изгорениот дел.

- Важно е дека иконостасот и црквата се недопрени во пожарот. Значи оставено е најголемиот дел од богатството на храмот, црквата не е допрена така што се надевам дека како и секогаш христијанската љубов и љубовта на сите верници ќе успеат да го изградат изгорениот дел, вели Божиновска.

Среќа во несреќата, како што посочува, е што со помош на монасите се изнесени и се спасени речиси сите вредни икони од галеријата.

- Ова е една од најголемите катастрофи, но како секогаш Бигорскиот манастир ќе биде стожер, уточиште на сите религии и на сите вери. Во манастирот на денот на Св. Јован доаѓаат од сите вероисповеди и ова место е духовно летувалиште на сите добри луѓе, додаде Валентина Божиновска.

Во Св. Јован Бигорски пристигнаа претседателот Ѓорге Иванов и висока црковна делегација предводена од поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, министрите за култура и за труд и социјална политика, Елизабета Канческа - Милевска и Џељал Бајрами, како и директорот на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузаман.

Манастирскиот комплекс Св. Јован Бигорски посветен на Св. Јован Крстител, се наоѓа на патот помеѓу Гостивар и Дебар во непосредна близина на селата Ростуше, Битуше, Велебрдо и Требишта, по течението на прекрасната Радика. Името Бигорски, го има добиено заради тоа што е изграден од бигор.

Бигорскиот манастир го сочинуваат манастирската црква, костурницата, сместена до самата црква, сејменската одбранбена кула, комплексот манастирски конаци, како и новоизградените гостински конаци. Според Бигорскиот поменик, манастирот го основал монахот Јован во 1020 година а во XVI век манастирот бил разурнат од Турците, и останала само една мала црква. Од помениците исто така се дознава за обновувањето на манастирот во 1743 година, од страна на јеромонахот Иларион кој е и првиот игумен на Бигорскиот манастир во поново време.

Манастирот Св. Јован Бигорски надалеку е познат по својот на иконостас. Него го правеле мајсторските раце на тајфата на Петре Филипов - Гарката од селото Гари. Петре Филипов - Гарката, брат му Марко, Макрариј Фрчковски од Галичник и Аврам Дичов со синовите Васил и Филип од родот Филиповци од Осој, во периодот од 1829 до 1835 година успеале да создадат врвно уметничко копаничарско дело.

Иконостасот е поделен во шест хоризонтални појаси. Првиот во основата е составен од правоаголни полиња на кои има орнаменти од флората и фауната. Вториот појас, во кој се поместени престолните икони, завршува со фигура на орел со раширени крилја. Третиот појас е поделен на три помали хоризонтални разделби во кои симетрично се распоредени ангели, гроздови, гранки од винова лоза и др. Над нив се наоѓаат два реда икони - празнични и со претстави на апостолите. Во централната партија се наоѓа големиот крст на којшто е претставено Христовото Распетие. На обете страни од крстот стојат фигури на змеј од чии усти се креваат иконите на Св. Јован и Св. Богородица.

Покрај иконостасот, манастирот е познат и по иконата на Св. Јован Крстител за која се верува дека има чудотворна моќ. Според преданието иконата ја нашол монахот Јован во 1020 година. Таа сама дошла до местото каде што подоцна е изграден манастирот и лебдела над изворите на реката Радика. Кога во XVI век, во времето на султанот Селим втори Турците го запалиле манастирот иконата мистериозно исчезнала за потоа уште помистериозно да се врати неоштетена. Во манастирските списи запишано е дека иконата на свети Јован Крстител 35 години не била заштитена и дека дури во 1885 година иконата е обложена со сребрен оклоп. На иконата Јован Крстител е претставен како светец-трирачник. Се верува дека третата рака е благословувачка. Се верува и дека иконата им помага на родителите кои не можат да добијат деца. Во склоп на легендата е и приказнава:

Бег од Албанија во 16 век дошол во манастирот на поклонение. Наредната година добил син и сиот свој имот му го подарил на „Свети Јован”. Тој ветил и дека ќе праќа маслиново масло во манастирот зашто такво масло се произведувало на неговиот имот. Луѓе велат дека денеска на имотот на бегот постои табла на која е испишано името на светецот.

Убавината на манастирскиот комплекс ја надокнадуваат и старите конаци заедно со трпезаријата. Тие се изградени кон крајот на XVIII век и почетокот на XIX век. Големиот конак кој се состои од приземје и два ката, со пространи чардаци и голем број одаи, служел за живеење на калуѓерите. Некои од одаите украсени се со убаво обработени дрвени тавани и розети во резба. Повеќето од одаите биле опремени со вградени долапи, полици, комори, камини и сл. од кои голем број подоцна се заѕидани.

Денес, монашкото братство на Бигорскиот манастир го сочинуваат четирите монаси и тројцата искушеници. Нивниот игумен и старец Архимандритот Партениј основите на својот монашки живот ги стекнал на Света Гора Атонска.

Во манастирот, отворена  "Галерија на икони“. Во новата галерија изложени се околу 70, од планираните 160 икони, зашто другите се уште не се конзервирани. Најмногу датираат од XVII, XVIII и XIX век и се дел од богатата ризница на манастирот и нема ниту една која е позајмена или откупена од некој друг манастир. Галеријата започнува со икони од првата половина на XVII век, што значи се стари четири века, со еден циклус на христовиот живот од благовештението, од рожденството, крштевање Христово, преображение, влегување во Ерусалим, распнување, воскресение, вознесение и успение на Пресвета Богородица.

Таа и понатаму ќе се надградува. Освен иконите, во Галеријата ќе бидат поставени и елементи од стариот иконостас од XVII век, како и уште две свештенички одежди кои се сопственост на Бигорскиот манастир, а се наоѓаат во Музеј на Македонија. Потоа ќе бидат вратени и сребрените кандилца и евангелијата што се наоѓаат во охридската митрополија. Во манастирот "Свети Јован Бигорски" има остатоци од црквата што потекнува од XVI век, односно од XVII и XVIII век, од која се уште се чуваат големите икони. Најстарите поточно од XVI век се на реставрација во Републички завод за заштита на спомениците на културата.

Експонатите се изложени во женската трпезарија - адаптирана автентична манастирска просторија. За новата „улога“, просторијата е дополнително осветлена и климатизирана. Планирано е да се изработи каталог со кој ќе влезе во каталогот на галерии коишто се на тлото на Европа.

Оваа галерија на икони е поставена по барање на МПЦ и манастирските власти. Реализаторка на поставката е Викторија Поповска-Коробар, историчарка на уметноста од Музејот на Македонија, а ја финансираше Министерството за култура. Во текот на изминатите три години, експонатите ги конзервирале стручњаци од Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...