Референдум за името ќе има

Брисел, 30 октомври (МИА) - Референдум за името ќе има и за мене тоа е затворено прашање. Без референдум, без граѓаните да се изјаснат за евентуалното предлог-решение не постои можност да се реши проблемот со името, истакнува премиерот Никола Груевски во интервјуто за дописникот на МИА од Брисел дадено пред заминувањето за Хаг каде што денеска треба да се сретне со Јохан Тарчуловски.

- Длабоко сум убеден дека вака крупно прашање во историјата на еден народ не може да се реши без консултација со сите граѓани. Името на државата е наследно. Тоа беше составен дел од прашањето за референдум на 8 септември 1991 година. За името на оваа држава не може да одлучуваат сами грст политичари или поедини интелектуалци, НВО или поединци. Тоа е така крупно историско прашање за кое може да одлучи само народот. Политичарите за ова прашање можат да го дадат само своето мислење но не и сами да одлучат, вели Груевски. Посочува дека тоа било и предизборно ветување содржано во Програмата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.

Македонскиот премиер се осврнува и на реакцијата од бугарскиот претседател Георги Прванов за неговите изјави дадена при неодамнешната посета на Австралија поврзана со егејските, вардарските и пиринските Македонци. Груевски тврди дека во неговата изјава немало никакви територијални претензии, туку напротив обединувачки проевропски дух и намера.

- Немаме никакви територијални претензии кон никого, ниту кон Бугарија, ниту кон која било друга соседна земја. Изјавата е извадена од контекст. Со оглед на состојбите на македонската заедница во Австралија, во моето обраќање ги повикав Македонците во Австралија да имаат поголема слога, да не се делат по ниедна основа, како што се црковните поделби, во смисла за и против администраторот на МПЦ или, пак, на потеклото на раѓање. Кажав дека таму во Австралија сите тие живеат во иста држава, мислејќи на Австралија, и треба меѓусебно да се почитуваат. Притоа додадов дека и на Балканот кога сите земји ќе станат членки на ЕУ ќе се урнат границите и сите народи на Балканот ќе живееме во Европа без граници, како што во Австралија живеат во една држава етнички Македонци независно каде се родени, Хрвати, Грци, Албанци итн. од различни држави. Додадов и тоа дека човечки е да се скараш, но христијански е да се прости. Повикав на слога, единство и простување, вели Груевски.

Според него, македонското прашање не смее да се користи како прашање за раздор, туку како прашање за помирување и обединување. - Жалам ако некој погрешно ме разбрал или ако несоодветно му било пренесено. Јас сум конзистентен во изјавите, тоа што го говорам дома, го говорам и надвор и обратно, додава премиерот.

За актуелизирањето на барањето за обезбедување пензии за припадниците на поранешната ОНА, Груевски вели дека има конзистентен став оти тоа прашање  може да се решава само преку постоечките закони.

- Пред неколку години се бараше специјален закон за борците на т.н. ОНА, со специјални привилегии за нив, дури се бараше изедначување на нивните права со правата на бранителите. Се укажуваше дека тие луѓе се соочуваат со проблеми кои треба да се решат со специјален закон. За некои се тврдеше дека се инвалиди, некои дека имаат здравствени проблеми и слично. Тогаш не прифатив таква идеја, и кажав дека нивните проблеми може да се решаваат само преку постоечките закони, и ништо повеќе од тоа. Истото го гледам и денес, а колку што разбрав истото го изјавува и ДУИ. Се друго е шпекулација, неконзистентност и неприфатливо според нас, истакнува премиерот Никола Груевски во интервјуто за МИА.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...