Се уште не е урнатиот Берлински ѕид на Балканот

Скопје, 9 ноември (МИА) - Берлинскиот ѕид беше симбол на заробениот ум, на ограничувањето на правата и слободите на граѓаните, на срамот, поделбата и недовербата меѓу земјите во Европа. Неговото паѓање значеше крах на комунизмот, крај на студената војна, обединување на Европа, можност за ширење на демократијата и слободата, се согласија учесниците на денешната трибина по повод 20-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, одржана во претседателската вила „Водно“.

Претседателот Ѓорге Иванов и неколкумина универзитетски професори и интелектуалци дебатираа и за последиците од уривањето на ѕидот за европските земји, но и за Балканот и Македонија.

Шефот на државата смета дека одредени проблеми со кои се соочува денеска земјава се резултат на студената војна, на неможноста или немањето желба политичките структури и институции навреме да реагираат во моментите кога се насетуваше падот на комунизмот, како и целосно да расчистат со минатиот систем. Еден од нив, според Иванов, е и спорот со Грција околу името на Македонија.

- Една од причините за студената војна беше и граѓанската војна во Грција. Можеби и треба на некој начин симболично таа токму и таму треба да заврши. Мислиме дека реториката која сега се користи од нашиот сосед, а е од тоа време и е одраз на недоверба, треба да се напушти. Тие треба да сфатат дека се што правиме е во духот на она што е перспектива и иднина на овој регион, истакна Иванов.

Тој смета дека и покрај таквата реторика, постоењето недоверба и страв кој го пренесуваат одредени политичари, двете општества покажале многу поголем разум и зрелост со тоа што во изминатите години постојано комуницирале. Според Иванов, средбата со грчкиот претседател Каролос Папуљас, што ја иницираше минатата недела, би била потврда, но и пример за градењето доверба меѓу двете земји, особено ако, како што рече, се земе предвид фактот дека 18 години немало средба на претседателско ниво.

Тој смета дека на Македонија не може да и се наметнуваат квалификации дека е затворена, поради тоа што земјата секогаш се залагала за добри и пријателски односи со сите.

- Регионот треба да се отвори, лидерите само треба да го промовираат она што веќе постои, рече Иванов. Отворениот Балкан интегриран во Европа, за претседателот Иванов е единствена опција која ќе овозможи мир и стабилност и перспективи на сите земји, особено со тоа што по падот на Берлинскиот ѕид и крајот на студената војна тие земји добија нов шенгенски ѕид, но и крвави војни.

Доцнењето на Македонија да го фати приклучокот по падот на Берлинскиот ѕид и веќе да биде дел од ЕУ и НАТО, иако тогаш имала подобра стартна позиција од повеќе земји кои беа зад железната завеса, за дискутантите е одраз на тоа што во земјата немало доволно критична маса, волја, желба или знаење тоа да се направи.

- По падот на комунизмот и стариот систем во Македонија добивме систем со стара инфраструктура, која не можеше да го развива новиот, туку му создаваше гангрена од која не можеме подолго време да ја исчистиме. Можеби тоа ќе го направиме со лустрацијата, рече Иванов.

Тој додаде дека доцнењето е резултат и на тоа што Македонија не умеела да направи самоселекција, односно за себе да зборува преку сопствените сознанија, а не, како што рече, преку историјата создадена за да може да опстане СФРЈ како братска држава.

- Не забави и се уште не забавува затворениот ум, тоа што го наследивме од минатото, таа гангрена што се уште е присутна кај секој од нас, што не ни дава критички да размислуваме и храбро да делуваме. Демократијата без храброст не може да функционира, а тоа е она што ние се уште го немаме. Немавме ни доволна свест за она што се случуваше. Од 1990 наваму имавме систем кој не сакаше да расчисти со претходниот, односно со наследството од комунизмот, а не да се гради нација и држава туку да се задржи власта, рече Јован Донев.

За професорот Бранислав Саркањац она што Македонија, но и земјите од регионот можат да го научат од падот на Берлинскиот ѕид е дека треба да градат меѓусебна доверба, која го урне ѕидот, симболот на поделбата и срамот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...