Почнува вакцинацијата на населението во Македонија

Скопје, 4 декември (МИА) - Вакцинацијата на населението против новиот грип тип А (Х1Н1) почнува денеска во Македонија, а приоритет ќе имаат ранливите групи како што се бремени жени (над три месеци бременост), хронично болни деца над 6 месеци и хронично болни возрасни лица (со претходно обезбедена потврда од својот матичен лекар дека станува збор за лице со хронична болест).

Почетокот на вакцинацијата симболично ќе го означи министерот за здравство Бујар Османи, кој ќе се имунизира во Градскиот завод за здравствена заштита.

Вакцинацијата против новиот грип е бесплатна и ќе се врши во Центрите за јавно здравје ширум земјата, секој ден, во периодот од 8 до 20 часот за возрасни лица, како и во здравствените домови (во службите за вакцинација) за деца од 6 месеци до 18 годишна возраст.

Во Македонија вчера пристигнаа дополнителни 20.000 вакцини против новиот грип, производство на „Бакстер“. Првите 5.000 вакцини против новиот грип од производителот „Новартис“ пристигнаа во Македонија како донација од Турција, а на 21 ноември почна вакцинацијата против новиот грип на лекарите и медицинските сестри во државата.  

Министерството за здравство соопшти дека вакцините кои се употребуваат во Македонија  се произведени од реномирани светски фармацевтски компании и одобрени за употреба од страна на Агенциите за лекови на САД и ЕУ. Светската здравствена организација потврди дека вакцините против новиот грип се безбедни дури и за хронично болните, бремените жени и малите деца.

Досега во светот вакцина против новиот грип  примиле над 80 милиони лица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...