Петти случај на починат од новиот грип

Скопје, 4 декември (МИА) - На Клиниката за инфективни болести денеска во 7 часот и 30 минути почина 67-годишна пациентка, кај која претходно бил потврден вирусот А (Х1Н1). Тоа е петти смртен случај во Македонија од новиот тип на грип.

Како што соопшти Министерството за здравство, таа била примена на Клиниката на 26 ноември со кардиолошки проблеми, како што се кардиомиопатија, атријална фибрилација (аритмија), тромбоемболија и проблеми со тироидната жлезда. Пациентката неколку дена била лекувана на КАРИЛ и по лабораториската потврда за присуство на вирусот А (Х1Н1) е префрлена на Инфективна клиника, каде била поставена на респиратор и дадена и е соодветна терапија. По два дена е забележано значително подобрување на состојбата и пациентката дишела самостојно.

Но, и покрај максималната заложба на лекарите од Клиниката и пружената медицинска грижа, како резултат на хроничната срцева слабост, денеска нејзината здравствена состојба значително се влошила и констатирана е смрт во раните утрински часови.

Во текот на последните 24 часа на Клиниката за инфективни болести во Скопје се хоспитализирани 12 нови пациенти, додека на инфективното одделение во Воената болница се згрижени уште тројца пациенти, сомнителни за инфлуенца А (Х1Н1). Сите новопримени пациенти се во стабилна здравствена состојба. Освен една пациентка, примена на 1 декември, која се уште е во тешка општа состојба, како и 25-годишниот пациент со бронхопневмонија, примен на 28 ноември и двајцата се поставени на вештачка вентилација.

Во моментот на Клиниката се хоспитализирани вкупно 91 болни, додека во Воената болница се лекуваат 36 пациенти со симптомите на новиот тип на грип.

Исто така, на Клиниката за детски болести во Скопје во изминатото деноноќие се хоспитализирани 12 нови пациенти и во моментов таму болнички се лекуваат 61 пациенти со симптоми на грип (на возраст од шест месеци до пет години). Сите новопримени пациенти се со полесна клиничка слика, освен две деца со потешка клиничка слика. Во изминатото деноноќие дома се пуштени 21 пациент, откако е констатирано целосно повлекување на симптомите на новиот тип на грип, се вели во соопштението од Министерството за здравство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на уништување на оружјето.
1441.- Умре фламанскиот сликар Јан ван Ајк, еден...
1519.- Шпанскиот освојувач Ернан Кортез се...
1762.- Рускиот цар Петар Трети Фјодорович...