Ѓорѓевски: Стогодишнината од раѓањето на Мајка Тереза добар повод папата да ја посети Македонија

Скопје, 14 јануари (МИА) - Интензивирањето на културно-просветната соработка меѓу Македонија и Ватикан, овозможувањето на истражувања на Ватиканските архиви, како и продлабочувањето на меѓурелигиската и меѓуцрковната соработка, ќе биде во фокусот на новиот македонски амбасадор во Ватикан Ѓоко Ѓорѓевски.

Во интервјуто за МИА, за досегашниот развој на односите меѓу Македонија и Ватикан, тој посочува дека Светата Столица се вбројува меѓу земјите кои уште од самиот почеток ја поддржаа независноста и самостојноста на Република Македонија.

- Минатата година се навршија петнаесет години од меѓусебното воспоставување на дипломатските односи, иако тоа е сторено под референцата, а не под нашето уставно име. Од друга страна, пак, нашата земја има континуирана поддршка од страна на Светата Столица, посебно во однос на напорите на Македонија за членство во Европската Унија, кое во повеќе наврати јасно е изразено во говорите актуелниот римски понтиф, истакнува Ѓорѓевски.

За можноста Ваткан да помогне за решавање на прашањето за автокефалноста на Македонската православна црква, Ѓорѓевски вели дека Светет Столица гледа на тоа како на интерен проблем на Православната црква. Ватикан будно го следи развојот на настаните уште од самите почетоци, но освен желбата за надминување на спорот преку дијалог во интерес на единството на Православната Црква, а воедно свесна и за комплексноста и комплицираноста на проблемот, таа се дистанцира од директно инволвирање или посредување, потенцира Ѓорѓевски.

Прашан каква е можноста поглаварот на Римокатоличката црква папата Бенедикт Шеснаесетти да ја посети Македонија, тој вели  „ние би сакале тоа да се случи оваа година, па тогаш посетата би се совпаднала со јубилејното одбележување на еден век од раѓањето на скопјанката Мајка Тереза“.

- Важноста е дотолку поголема заради фактот дека, по изминати пет години од неговиот избор за папа, тоа би било прва посета на Бенедикт Шеснаесетти на една европска земја која сè уште не е членка на ЕУ или на НАТО, додава новиот македонски амбасадор во Ватикан Ѓорѓевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...