Водата во Охридско продолжува да се покачува

Нивото на Охридското Езеро 23 сантиметри над горната граница

Охрид, 27 февруари (МИА) – Нивото на Охридското Езеро денеска е зголемeнo за два сантиметри во споредба со вчерашниот ден и е 23 сантиметри над горната граница, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК) презентирајќи ги резултатите од утринското мерење.

Растот на водата во езерото е последица на интензивните врнежи од дожд во охридско-струшкиот регион, каде за само неколку часа наврнаа 17 литри на метар квадратен. Дополнителен проблем претставува заситеноста на земјата со вода која не може да ги прима толкави количини, што на крајот доведува до излевање на водата од почвата и поплавување.

И покрај зголеменото езерско ниво, ЦУК состојбата ја оценува како стабилна, бидејќи во изминатите денови надлежните органи ги презеле сите превентивни мерки на критичните точки долж крајбрежјето.

Од истекот на Охридското Езеро кај Струга во реката Црн Дрим се испуштаат 50 метри кубни вода во секунда, додека од преливната шахта кај акумулацијата „Глобочица“ во секунда се прелеваат 41 кубен метар вода.

Нивото на водата во езерото Глобочица, според утринското мерење, соопштува ЦУК, е за еден сантиметар пониско во однос на вчерашниот ден. Дебарското езеро има простор за дополнителна акмулација на вода, бидејќи се уште го нема достигнато максимално дозволеното ниво. Нивото сега е на 50 сантиметри од максимумот, а пред десетина дена тоа беше повеќе од 4 метри од горната граница.

Според ситуацијата на терен, подземните води во охридско-струшкиот регион избиваат на површина, поплавувајќи приземни простории и подруми на објекти што не се во непосредна близина на брегот на Охридското Езеро. Високото ниво на езерската вода доведе до излевање Студенчишкиот канал, а на многу места веќе се формирани помали езерца, поплавувајќи обработливи површини и посеви.

За актуелната ситуација, односно причините и последиците од високото ниво на Охридското Езеро денеска се дискутира на стручната дебата, организирана од Локалната самоуправа во Охрид. На дебатата се поканети експерти од Хидробилошкиот институт, Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро, геолози, биолози, претставници на Спортското риболовно друштво „Свети Апостол Петар“ и на друштвата за подводни активности, хидроинжинери, архитекти, претставници на „Проаква“ и други стручни лица.

Според прогнозата на УХМР, во наредните денови ќе има стабилизирање на временската состојба, па оттука не се очекуваат нови врнежи, што ќе придонесе за стабилизација на состојбата со Охридското езеро. Мобилни екипи на Дирекцијата за заштита и спасување ќе интервенираат на сите локации, каде ќе се процени дека постои потреба за тоа.

Во меѓувреме, на регионалниот пат Струга – Дебар кај селото Луково, екипи на Дирекцијата за заштита и спасување и на ЈП Македонија пат поставија нови насипи долж коритото на Црн Дрим, водата е повлечена од коловозот и тој е оспособен за нормално одвивање на сообраќајот, како за тешки товарни, така и за патнички возила.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...