Шансите за добивање азил во Белгија апсолутно не постојат

Скопје, 8 март (МИА) - Информациите што се шират во северните делови од оваа земја за белгиската имиграциска политика се целосно неточни. Мојата земја не дава политички азил на економски бегалци, па затоа нема никаква смисла да се патува од Македонија во Белгија за да се бара статус на политички бегалец. Шансите за барателите да добијат азил врз основа на економски причини апсолутно не постојат.

Оваа порака вечерва во Скопје ја упати белгискиот премиер Ив Летерм по разговорите со неговиот домаќин, македонскиот премиер Никола Груевски. Летерм доаѓа во посета на Македонија откако беа објавени информациите за наплив на баратели на азил во оваа европска земја, главно од липковскиот и кумановскиот регион.

Македонскиот премиер Груевски на заедничката прес-конференција посочи дека го информирал неговиот белгиски колега за конкретните мерки што Владата ги презема за спречување и намалување на бројот на баратели на азил во Белгија кои, како што потенцира, веќе даваат резултати. Според неговите податоци, по визната либерализација во Белгија азил побарале 409 граѓани од Република Македонија. Летерм рече дека македонските и белгиските власти во следните неколку недели ќе соработуваат за да се справат со овој проблем.

- Добрите вести се што во последните неколку недели бројот на баратели на азил драматично се намали и во изминатите денови се сведе речиси на нула, изјави тој.

Државниот секретар за азил и имиграција Мелкиор Ватле рече дека само за два месеца белгиските власти добиле барања за азил онолку колку што добиле од Македонија во изминатите две години. - Се одлучивме за превентивна кампања и затоа сме тука, изјави Ватле.

Груевски и Летерм разговарале и за евроинтеграцискиот процес на Македонија во контекст на белгиското преземање на ротирачкото претседателство на ЕУ од 1 јули оваа година.

- Една од најважните точки за кои се разговара е прашањето за проширувањето на ЕУ. Белгија се залага за интеграција на Западниот Балкан и убеден сум дека иднината на вашата земја е во ЕУ. Сите знаеме зошто не се постигнува чекор напред во овој процес на интеграција, рече Летерм.

Македонскиот премиер потсетил на позитивниот Извештај на ЕК за напредокот на Македонија и побарал поддршка од Белгија. - Побаравме поддршка од Белгија во нашите заложби и настојувања за соодветно и позитивно валоризирање на нашите постигнувања - тоа е очекувањето за време на нивното претседавање со ЕУ, а по претходно донесена одлука за време на претседавањето на шпанското претседателство, Република Македонија да ги отпочне пристапните преговори, изјави Груевски. Македонија, додаде тој, ќе продолжи да работи на исполнување на обврските за влез во ЕУ на внатрешен план, истовремено надградувајќи ја довербата кај европските пријатели.

Прашан за тоа што би можела Белгија да стори за поскоро решавање на спорот за името, белгискиот премиер Летерм рече дека за стабилноста на регионот е важно Македонија да биде успешна во реформите и оти се надева дека тоа прашање нема да биде долготрајна пречка за членство во Унијата.

- Можам само да повторам дека ние сме фрустирани од ваквата ситуација. За стабилноста на овој дел од континентот многу е важно вашата земја да биде успешна во постигнувањето и исполнувањето на нејзината европска иднина. Затоа сметам дека треба да се изнесат одредени предлози. Се надевам дека ќе има волја од двете страни да ги разгледаат овие предлози и да најдат решение. Се надеваме дека тоа прашање нема да биде долготрајна пречка за членството во ЕУ кое го барате, изјави Летерм.  

Двајцата премиери изразија задоволство од билатералните односи, оценувајќи ги како одлични, но со забелешка дека би требало да се подобри економската соработка. Најавија скоро потпишување на спогодба за одбегнување на двојно оданочување и склучување  договор за политичка соработка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...