Црвенковски барa ТВ дуел со Груевски

Скопје, 16 март (МИА) - Лидерот на опозициската СДСМ Бранко Црвенковски денеска го повика премиерот Никола Груевски на телевизиско соочување.

- Подготвен сум да разговараме за се што ќе поскате, и за 95-та и за 96-тата, но и за 99-та и за 2001 -ва, и за вашите и за нашите приватизации, за вашиот патриотизам и за моите предавства, а најмногу од се како да се решат проблемите со кои се соочува државата, рече на прес-конференција Црвенковски.

Според него, Македонија е единствена држава во која власта организира протести против опозицијата и кажува што било пред 15 години.

СДСМ, најави Црвенковски, ќе продолжи да ги игнорира протестите пред седиштето на неговата партија од лицата што се претставуваат како жртви на транзицијата бидејќи нивната биографија го кажувала спротивното од тоа што се декларирале.

Одговарајќи на новинарски прашања Црвенковски најави СДСМ е подготвена да разгледа и да поддржи секој аргументиран предлог за промена на изборното законодавство којшто ќе гарантира поголема демократија и поголема заштита на гласот на граѓаните. СДСМ има и свои предлози за промена на Изборниот закон во повеќе сфери.  Дел од предлозите се да се забрани злоупотребата на јавните фондови и Буџетот  во предизборен период од страна на власта. Ќе нема фер избори се додека не се прочисти избирачкиот список, посочи Црвенковски.

Предлогот за отворени изборни листи, односно наместо за партиски листи граѓаните да гласаат за секој кандидат поединечно, според него, не е  нешто ново и има свои предности и недостатоци. - Можеби  во овој момент тоа ќе се покаже  како покорисно од досегашното решение,  но не би сакал да говорам за предлог што не сум го видел, рече Црвенковски оценувајќи дека ако е тоа предлог на ДУИ, логично е да се договора со ВМРО-ДПМНЕ, како коалициски партнери.

- Дали е нивен договор или не времето ќе покаже, рече Црвенковски и посочи дека Македонија има временски одредници, а едната е одредувањето датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ до завршувањето  на шпанското претседателство со Унијата, од чие исполнување, според него, ќе зависат многу прашања за иднината на државата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Волку, згрешивте со една буква.
Требаше да ме ИЗЕДИТЕ!!!
(трудна црвенкапа)
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1607.- Капетан Џон Смит со група војници...
1792.- Роден е италијанскиот свештеник Џовани...
1795.- Во Кабеларево е роден Павел Јозеф...
1809.- Трупите на францускиот цар Наполеон Први...